×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Мит или вистина за лимфедема

Мит или вистина за лимфедема

       Лимфедемата е состојба која се појавува како последица на неправилно работење на лимфниот систем. Овој проблем најчесто се јавува кај лица кои биле заболени од карцином и имале хируршка инервенција. При оперативниот зафат превентивно се отстрануваат дел од лимфните јазли со цел да не се дозволи проширување на канцерогени клетки. Ова може да доведе до појава на лимфедема.

Слика1 (лимфедема на рака)

       За жал информацијата за ризикот од лимфедема ретко кој ја дознава. Првото превентивно решение после операцијата е користење на компресивна ракавица/чорапа која ќе помогне да се регулира лимфниот тек. Но како што спомнавме претходно, честопати лицата не се информирани и како последица на тоа се појавува едем на екстремитетот. Овој оток е непријатен, болен и ја намалува мобилноста на екстремитетите.

Слика 2 (фази на лимфедема на нога)

        Следниот чекор кој треба да се направи после појава на едем е консултација со онколог. Тој ќе утврди дали може лимфедемата да се третира со лимфна дренажа. Доколку докторот одобри веднаш закажете ја Вашата прва консултација. Вашето здравје доверете го исклучиво на професионалци кој се едуцирани и квалификувани за оваа работа. Третманот за лимфедема е комплексна процедура и затоа внимателно одберете го физиотерапевтот кој ќе го работи.

Неколку митови и вистини поврзани со лимфедемата:

Мит:

Ако не ми се појави оток, немам потреба да носам компресивна ракавица/чорапа.

Вистина:

Компресијата помага во регулирање на лимфотекот и превенира појава на оток. Доколку не носите компресивна ракавица, голема е веројатноста дека ќе се појави едем.

Мит: Ако немам болки во раката, нема потреба да внимавам на неа.

Вистина: Раката на која се отстранети лимфни јазли треба да ја штедите од физичка работа, не е препорачливо да носите тежок товар со неа, избегнувајте да носите тесен часовник или накит на неа и изберете градник кој е удобен, има широки прерамки и подеднакво ја распоредува тежината на градите.

Мит:

Летањето во авион по операцијата на лимфните јазли ќе предизвика лимфедем.

Вистина:

Летањето со авион може да предизвика едеми (отоци) на долните екстремитети кои не се поврзани со лимфедема. Појавата на лимфедема е поврзана со начинот на живот кој го водите. Најголеми ризик фактори се: нездрава исхрана, зголемена телесна тежина, тешка физичка работа, тесна облека).

Мит:

Вежбањето може да предизвика појава на лимфедема.

Вистина: Контролираното внимателно вежбање е безбедно за лицата со лимфедема.

Мит:

Доколку дома ја масирате раката/ногата по 20 минути на ден, може да избегнете појава на лимфедем.

Вистина:

Мануелната масажа на раката/ногата која има лимфедема, треба да се третира исклучиво од лиценциран, едуциран физиотерапевт кој има специјална едукација и обука за оваа состојба. Во спротивно може да настанат компликации.

Доколку имате проблем со лимфедема или познавате некој којшто ја има оваа состојба веднаш јавете се и закажете консултација на телефонскиот број 071229086. Третманот за лимфедема го извршува Специјалист физиотерапевт по ортопедија Сашо Цветаноски, кој има успешно завршена обука за третман за лимфедема во специјализираната Болница Lympho Otp, Во Германија.