Ергономска цервикана перница за третман на вратна спондилоза.
Цервикалната ергономска перница е изработена од полимери со „MEMORY“ ефект или висока еластичност. Бидејќи секој дел од телото има своја морфологија и различна тежина, потребни се различни нивоа на цврстина. Затоа перницата има два типа на текстура:
Сина пена: има средно цврста текстура за оптимална поддршка на делот од вратот.
Бела пена: сунѓереста текстура за поголем комфорт.
Оваа перница ги намалува точките на притисок, ги ослободува мускулите од тензија и го олеснува дишењето. Поради иновативната ергономска форма и степенот на густина на пената, ја подобрува цервикалната поддршка и го намалува притисокот врз главата.
Преку следење на природната кривина на вратот овозможува одлична поддршка, со што ги намалува болките при будење. Посебниот зглоб на перницата се прилагодува според положбата на спиење, што овозможува дополнителна удобност без разлика дали се спие на грб или на страна.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам