Скенирање на стапало е процедура која ги прикажува сите деформитети и аномалии на стапалото со помош на современиот скенер Pеdomedic.
Овој скенер прави темелна идентификација на промените и се добива целосна слика за состојбата на стапалото. Снимките се чуваат во дигитална база на податоци, што овозможува на следното скенирање да се направи дигитална споредба со актуелната состојба на стапалото.
За прв пат во Македонија спроведуваме статично и динамично скенирање. Според резултатите од скенирањето на клиентот му се дава соодветна влошка.
Зошто е потребно скенирање на стапало?
Честопати ги потценуваме нашите стапала и како на нив влијаат тесните чевли, високите потпетици… Повеќето не обрнуваат внимание на раните предупредувачки знаци на болка и повреда. Нашите нозе секојдневно се подложни на траума, и затоа треба да внимаваме на нив бидејќи заслужуваат посебна нега и грижа.
Што е скенирање на стапало?
Преку скенирање може да се добијат информации за формата, големината, точките на притисок и движењето на стапалото. Затоа се препорачува најмалку еднаш годишно да се скенираат нозете. Скенирањето на најсовремениот апарат Pedomedic е бесплатна услуга која ќе ви ги даде потребните информации за лакот, точки на притисок и детална анализа на движењето. Можете да разберете зошто чувствувате болка не само во нозете, туку и во другите делови до телото. Запомнете нозете се основата за здравјето на целото тело.
Предности на скенирање на стапало
Без разлика дали сте спортист, дијабетичар, стоите или седите подолг временски период, скенирањето ќе ви ги даде потребните информации за состојбата на вашето стапало. Предноста на овој апарат е што според резултатите може да добиете индивидуално изработена влошка која ќе ви помогне да се намалат болките и да се направи корекција на држењето на стапалото, да се распредели притисокот и да се оптимизираат одредени движења.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам