Имплантите за дојка MENTOR® MemoryGel™ се полнети со кохезивен гел, што наликува на природното ткиво на дојките. Кога станува збор за задоволството на пациентите, милиони жени во светот ги одбраа имплантите со гел MENTOR® MemoryGel ™ кои по изглед и допир се најслични со природното ткиво на дојките. MemoryGel® Xtra овозможува зголемена проекција, полност и цврстина. Овој имплант е наменет за жени кои посакуваат полни гради со истакната проекција, а имаат потесен граден кош.
За Mentor:
Mentor Worldwide LLC, е основана во 1969 година и е водечки производител на медицински производи за естетска и реконструктивна хирургија, присутна во повеќе од 100 земји во светот
Ментор е водечки производител на висококвалитетни импланти за дојки, со долгогодишно искуство кое резултира со квалитетни производи на кои можете да се потпрете. Ментор континуирано спроведува истражувања, развој и производство во повеќе објекти низ Европа и САД. Исто така компанијата има продажни и дистрибутивни центри ширум светот. Во 1995 година Ментор стана првиот производител на импланти кој ја доби ознаката CE на своите производи.
Ментор е горд на квалитетот кој е вграден во секој имплант за дојки и можете да бидете сигурни дека зад вашата одлука да ги користите нашите производи стои компанија која ги разбира вашите очекувања и желби и навистина се грижи за Вас.
Како водечки светски производител на импланти за дојка, повеќе од 30 години Ментор е прв избор на милиони жени во светот. Нашата евиденција за квалитет и иновации ни овозможува да одиме напред и над индустриските стандарди со најопсежниот план за заштита MENTORPromise. Со одбирање на импланти од Ментор вие добивате:
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам