Право на пристап и измена на личните податоци на субјектите
Право на пристап и исправка на личните податоци на субјектите
МЕДИКУС ХЕЛП ДООЕЛ СКОПЈЕ (во понатамошниоттекст како: МЕДИКУС ХЕЛП) во својство на Контролор на лични податоци, врши собирање, чување и обработка на лични податоци. Субјектите чии лични податоци се собираат, чуваат и обработуваат се физички лица кои стапуваат во деловен однос со МЕДИКУС ХЕЛП. Повеќе информации ќе најдете во делот на ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ. Овде сакаме да ве информираме како да направите исправка или да го запрете процесот на обработка на личните податоци.
Запирање на обработка на личните податоци (Превземи Барање)
Субјектот на лични податоци има право со поднесување на Барање за запирање на обработката на личните податоци, да побара запирање на обработката на неговите лични податоци кога личните податоци се обработуваат со цел:
- извршување на работи од јавен интерес или на службено овластување на МЕДИКУС ХЕЛП или на трето лице на кое му се откриени податоците или
- исполнување на легитимните интереси на МЕДИКУС ХЕЛП, трето лице или лице на кое податоците му се откриени, освен ако слободите и правата на субјектот на лични податоци не преовладуваат над таквите интереси.
Доколку Барањето е основано, МЕДИКУС ХЕЛП е должен да ја запре понатамошната обработка на личните податоци.
Измена, дополнување или бришење на личните податоци (Превземи Барање)
По поднесено Барање за дополнување, измена или бришење на информации за обработка на личните податоци од страна на субјектот на лични податоци, МЕДИКУС ХЕЛП е должен да ги дополни, измени, избрише или да го сопре користењето на личните податоци.
Дополнување, измени, бришење или сопирање на користењето на личните податоци се прави и во случај кога МЕДИКУС ХЕЛП ќе утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, односно доколку нивната обработка не е во согласност со законските одредби.
Барање на информации од страна на субјектот (Превземи Барање)
Субјектот на лични податоци може до МЕДИКУС ХЕЛП да достави Барање за доставување на информации за обработка на личните податоци од страна, со кое бара да биде информиран:
- Дали се обработуваат неговите лични податоци;
- За целите и правната основа на обработката на личните податоци;
- Корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат личните податоци;
- За изворот на податоци.
Права на субјектот на личните податоци
Кога податоците се прибираат од субјектот на лични податоци тој мора да биде информиран за:
- Идентитетот на Kонтролорот;
- Целите на обработката;
- Корисниците или категориите на корисници на личните податоци;
- Задолжителноста на давање на одговори на прашања кои вклучуваат лични податоци;
- Можните последици ако не се даде одговор и
- Постоењето на право на пристап и право на исправка на неговите лични податоци.
Сите Барања за остварување на правата на субјектот на лични податоци, можат да се достават до Дирекцијата на МЕДИКУС ХЕЛП. Секое уредно примено Барање ќе биде проследено и доставено до Офицерот за заштита на личните податоци. Офицерот за заштита на личните податоци е должен да одговори и/или достави информација до субјектот на лични податоци, за секое уредно примено Барање во рок од 15 дена сметано од денот на прием на Барањето, освен ако тоа не е возможно или ако тоа бара несразмерен напор или трошок.
Доколку МЕДИКУС ХЕЛП еднаш одговорил и/или доставил информација за одредено Барање од страна на субјектот на лични податоци и не изминале 6 месеци од денот на доставувањето на претходното барање, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци.
Ограничувања на правата на субјектот на лични податоци Правата на субјектот на лични податоци утврдени во претходните точки можат да се ограничат во посебни случаи кога со нивното практикување ќе се загрози остварувањето на правата и обврските на МЕДИКУС ХЕЛП предвидени со закон, договорен основ или статистички цели, како и поради заштита на безбедноста и одбраната на државата, откривање и гонење на сторители на кривични дела и заради заштита на правата и слободите на субјектот на лични податоци или правата на другите физички лица.