Политика на приватност
Медикус Хелп ДООЕЛ Скопје како контролор на лични податоци целосно ја заслужува Вашата доверба бидејќи посветува големо внимание на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци.
Заштитата на личните податоците е наш приоритет, па затоа Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа политика за приватност.
Со политикатата на приватност, ќе ви појасниме каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на нашата интернет страна. Оваа политика на приватност се однесува само за https://medicushelp.mk/ и поддомените. Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни. Секој корисник при регистрација и купување изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност. Доколку се регистрирате, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат за потребите за достава на производот, реализација на плаќањето, како и за рекламирање на производи и услуги обезбедени од наша страна, доколку ја имате избрано оваа опција, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
Од информациите кои ни се потребни при регистрацијата и/или при нарачка ги издвојуваме:
Име и презиме
e-mail адреса
Адреса за испорака на нарачката и
телефон за контакт.
Ве информираме дека можете да ја посетите нашата веб страница и без да ги откриете Вашите лични податоци, меѓутоа, доколку сакате да се регистрирате како наш корисник, неопходно е да ги обработуваме Вашите лични податоци. Напоменуваме дека личните податоци на корисниците на нашата веб страница се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Со оваа политика за приватност, Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци за начинот на кој ги штитиме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.
Медикус Хелп ДООЕЛ Скопје како контролор на лични податоци, применува голем број технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку оваа веб страница. Сепак, доставувањето на личните податоци преку Интернет во принцип може да има безбедносни пропусти и не може да се гарантира апсолутна заштита.
Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија. Медикус Хелп го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки. Во секој момент може да извршите промена, ажурирање или корекција на Вашите неточни лични податоци и информации. МЕДИКУС ХЕЛП ДООЕЛ СКОПЈЕ има усвоена политика за сигурност и заштита на податоци, со што ја демонстрира посветеноста на нашата фирма кон заштитата на приватноста на клиентите. Со исклучок на податоците од финансиска природа, сите информации кои ги собираме од веб страната се исклучиво за наша употреба (релација со корисници, следење на нарачка итн.) и истите не се предаваат на други лица за било каков основ. Не собираме никакви информации од финансиска природа, како број на картичка и сл. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на Комерцијална банка АД Скопје со цел наплата на продуктите/нарачките преку извршување на трансакција. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички Касис на Комерцијална Банка. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица. Ги превземаме сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.
Назив и адреса на контролорот:
МЕДИКУС ХЕЛП ДООЕЛ Скопје
Адреса: ул. „Бел Камен“ бр. 7, 1000 Скопје, Македонија
Тел: 02 / 314 3333
email: info@medicushelp.com.mk
WEB: www.medicushelp.mk
ЕМБС: 4583949
ЕДБ: 4030993120848
Шифра на дејност: 46.46 (47.74)
Офицер за заштита на личните податоци:
Име: Митко Ханџиски
Е-маил адреса: m.handjiski@medicushelp.com.mk
Контакт телефон: 075 460 294
Секој посетител или корисник на оваа веб страница, може во секое време директно да контактира со нашиот офицер за заштита на лични податоци за какви било прашања и предлози во врска со заштитата на личните податоци.
Која е правната основа и целта за обработка Вашите лични податоци?
Нашата веб страница собира лични податоци исклучиво од субјектите на лични податоци (корисниците).
Правна основа за обработка на Вашите лични податоци преку нашата веб страница во деловите: „Регистрирајте се“, „Пријавете се“, „Вработување“, „Контакт“, „Newsletter“ е Вашата согласност, а правна основа за обработка на Вашите лични податоци во делот „Враќање/замена на производот“ е исполнување на законска обврска.
Цели
Преку формата „Регистрирајте се“ и „Пријавете се“ ги обработуваме Вашите лични податоци за цели на онлајн купување но и за добивање на известувања од нашата понуда на производи доколку претходно се согласите со тоа. Преку формата „Контакт“ ги обработуваме Вашите лични податоци за да одговориме на Вашите коментари и пораки. Преку формата „Newsletter“ги обработуваме Вашите лични податоци за редовно да Ви испраќаме електронско издание на нашиот билтен. Преку формата „Замена/Враќање на производ“ ги обработуваме Вашите лични податоци за исполнување на законската обврска за враќање или замена на купен производ.
Колачиња (Cookies)
Нашата веб страница користи колачиња. Колачињата се текстуални датотеки зачувани во Вашиот информациски систем преку веб пребарувачот.
Како корисник, можете во секое време да спречите поставување на колачиња преку нашата веб страница со користење на соодветна поставка на веб пребарувачот или трајно да го одбиете поставувањето колачиња, а може и веќе поставените колачиња да ги избришете во кое било време преку веб пребарувачот или други софтверски програми. Ако го исклучите поставувањето колачиња преку веб пребарувачот, не ќе може во целост да ги користите сите функции на нашата веб страница. Повеќе информации се достапни во Политиката за колачиња на Медикус Хелп.