Услови и правила за купување
Услови и правила за купување
Термини и услови
Оваа интернет страна, со домеин www.medicushelp.mk, e во сопственост на МЕДИКУС ХЕЛП ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст МЕДИКУС ХЕЛП), со седиште на ул. Бел камен бр.7, 1000 Скопје, е сервис создаден за корисниците со цел да овозможи пребарување, споредба и/или купување на производи и услуги. Како посетител и корисник, Ви даваме до знаење дека користењето на содржините на страната, како и направените трансакции, се предмет на одредени услови и правила, за што Ве замолуваме пред користење на страната www.medicushelp.mk внимателно да ги прочитате. МЕДИКУС ХЕЛП не превзема никаква одговорност доколку корисникот ги нема прочитано условите и правилата за користење и купување.
Општи услови
Со самата посета или купување преку нашата интернет страна, потребно е да се согласите со условите наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на сајтот. МЕДИКУС ХЕЛП ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност доколку корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од овој сајт. Ако не се согласувате со Општите услови на оваа страна, едноставно не ја користете и повелете во продавниците на МЕДИКУС ХЕЛП.
Називот МЕДИКУС ХЕЛП е заштитен трговски знак на МЕДИКУС ХЕЛП ДООЕЛ Скопје и забранет е секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност на сопственикот. МЕДИКУС ХЕЛП ДООЕЛ Скопје ги задржува сите права кои произлегуваат од трговскиот знак MEDICUS HELP. Целата содржина на оваа страна, вклучувајќи ја формата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, се интелектуална сопственост на МЕДИКУС ХЕЛП ДООЕЛ Скопје и се заштитени со авторско право и сродните права. Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од овој сајт е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди оваа страна. Споделените информации од оваа страна имаат информативен карактер. Секогаш ќе се залагаме за точност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето, во зависност од изворот на информациите. За сите производи ќе се потрудиме да имате достапна фотографија, како илустрација за изгледот и формата на производот.
МЕДИКУС ХЕЛП го задржува правото да објавува називи, модели и други информации за производот на англиски јазик, кога:
- Постои ризик од губење на битни информации при преводот
- Нема иста или слична терминологија на македонски јазик
Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, МЕДИКУС ХЕЛП ќе се залага за достапност на својата интернет страна 24 часа во денот. Во случај на привремена недостапност односно прекин на пристапот до интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на МЕДИКУС ХЕЛП, не можеме да превземеме никаква одговорност и да Ви гарантираме постојан пристап.
МЕДИКУС ХЕЛП
Со Политикатата на приватност, ќе ви појасниме каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на нашата интернет страна. Оваа политика на приватност се однесува само за www.medicushelp.mk и поддомените. Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни.
Секој корисник при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност.
Доколку се регистрирате, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат за потребите за достава на производот, реализација на плаќањето, како и за рекламирање на производи и услуги обезбедени од наша страна, доколку ја имате избрано оваа опција, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
Од информациите кои ни се потребни при регистрацијата и/или при нарачка ги издвојуваме:
Име и презиме
e-mail адреса
Адреса за испорака на нарачката и
телефон за контакт.
Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија. Медикус Хелп го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.
Во секој момент може да извршите промена, ажурирање или корекција на Вашите неточни или променети лични податоци и информации.
МЕДИКУС ХЕЛП ДООЕЛ Скопје има усвоена политика за приватност и заштита на личните податоци, со што ја демонстрира посветеноста на нашата фирма кон заштитата на приватноста на клиентите. Со исклучок на податоците од финансиска природа, сите информации кои ги собираме од веб страната се исклучиво за наша употреба (релација со корисници, следење на нарачка итн.) и истите не се предаваат на други лица за било каков основ. Не собираме никакви информации од финансиска природа, како број на картичка и сл. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на банката со цел наплата на продуктите/нарачките преку извршување на трансакција. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на Комерцијална Банка АД Скопје. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица. Ги превземаме сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.
Оваа политика на приватност стапува на сила од Мај 2021 година. Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на интернет странатa www.medicushelp.mk најмалку 10 дена пред да стапат во сила.
Повеќе информации поврзани со личните податоци, ќе најдете во делот ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ и ПРАВО НА ПРИСТАП И ИСПРАВКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ
Услови и правила за купување
Цените на сите производи на www.medicushelp.mk се во денари со вклучен ДДВ.
MЕДИКУС ХЕЛП го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Корекција на цената во секој случај може да биде извршена од страна на МЕДИКУС ХЕЛП, доколку се работи за очигледна техничка грешка направена при впишување на цените на производите. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме. Во случај на постоење на очигледна техничка грешка направена при впишување на цените на производите, МЕДИКУС ХЕЛП веднаш ќе ги извести Купувачите кои извршиле нарачка или пак реализирале уплата за одредениот производ а Купувачот во овој случај го задржува своето право да одлучи дали ќе ја откаже нарачката или не.
За купување на производи преку www.medicushelp.mk важат редовните малопродажни цени, актуелни во малородажните објекти на МЕДИКУС ХЕЛП. Количините на производите се ограничени. И покрај автоматското поврзување и проверка на залихата пред потврдување на Вашата нарачка, може да се случи одредена нарачка да биде откажана поради исцрпување на залихите.
Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на МЕДИКУС ХЕЛП. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира финално плаќањето. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми или грешки со интернет страната, МЕДИКУС ХЕЛП има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.
Купувањето можете да го остварите со платежни картички, издадени од било која банка: Visa, Visa Electron, MasterCard и Maestro (само доколку има CVV2/CVC код на позадината од картичката) а наплатата се извршува преку нашиот партнер АД Комерцијална Банка Скопје.
Подршка на корисници
За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на телефонот 02/314 3333 кој е достапен секој работен ден во периодот од 08:00 часот до 16:00 часот или да не комуницирате преку нашиот e-mail info@medicushelp.com.mk.
Политика на испорака на производи
Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот. Испораката може да ја спроведеме на територијата на Република Северна Македонија и надвор од територијата на Република Северна Македонија преку услугите на DHL. Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката. Можете и да ги изненадите Вашите блиски и да побарате достава на нивна адреса, при тоа наведувајќи ја нивната адреса како адреса за испорака.
Цената на испораката на трошок на купувачот и чини според тежината на пратката според следниот ценовник:
Ценовник за достава во Република Северна Македонија
Тежина | Испорака во Скопје | Испорака во Македонија |
0 – 1 кг | 90,- ДЕН | 90,- ДЕН |
1 - 5 кг | 100,- ДЕН | 100,- ДЕН |
5 - 10 кг | 110,- ДЕН | 110,- ДЕН |
10 - 20 кг | 120,- ДЕН | 120,- ДЕН |
20 - 30 кг | 150,- ДЕН | 150,- ДЕН |
30 - 40 кг | 170,- ДЕН | 170,- ДЕН |
40 - 50 кг | 250,- ДЕН | 250,- ДЕН |
* За сите направени нарачки над 2000 ден, испораката е бесплатна на целата територија на Република Северна Македонија.
** За нарачки под 2.000 денари кои се плаќаат во готовина, се наплаќаат дополнителни 30 денари за трансфер на пари.
Ценовник на испорака DHL
Тежина во кг. | Испорака |
0,50 | 1.719,00 |
1,00 | 1.719,00 |
1,50 | 1.829,00 |
2,00 | 1.866,00 |
2,50 | 1.903,00 |
3,00 | 1.939,00 |
3,50 | 1.939,00 |
4,00 | 1.987,00 |
4,50 | 2.096,00 |
5,00 | 2.998,00 |
5,50 | 3.173,00 |
6,00 | 3.348,00 |
6,50 | 3.524,00 |
7,00 | 3.699,00 |
7,50 | 3.874,00 |
8,00 | 4.050,00 |
8,50 | 4.225,00 |
9,00 | 4.400,00 |
9,50 | 4.575,00 |
10,00 | 4.970,00 |
10,50 | 4.970,00 |
11,00 | 4.970,00 |
11,50 | 4.970,00 |
12,00 | 5.193,00 |
12,50 | 5.416,00 |
13,00 | 5.639,00 |
13,50 | 5.863,00 |
14,00 | 6.086,00 |
14,50 | 6.309,00 |
15,00 | 6.533,00 |
15,50 | 6.756,00 |
16,00 | 6.979,00 |
16,50 | 7.203,00 |
17,00 | 7.426,00 |
17,50 | 7.649,00 |
18,00 | 7.872,00 |
18,50 | 8.096,00 |
19,00 | 8.376,00 |
19,50 | 8.599,00 |
20,00 | 8.766,00 |
За секое дополнително + 0,5 кг. | |
+ 0,5 кг | 218,00 |
Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Предвидено време за испорака е 5 работни дена од моментот на потврдa на плаќањето преку финална наплата од нашите оператори и од страна на банката. Во согласност со нашите можности, призводот ќе Ви биде доставен во најкус можен рок. Го задржуваме правото да го продолжиме рокот на испорака во претходен договор со купувачот. Испораката се врши преку нашата служба за испорака или преку надворешни соработници. Испорака во сабота, во недела и на државни празници не се врши.
Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката.
Доколку нарачката е направена по 16 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција-наплата, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во петок по 16 часот, сабота, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.
Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.
Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по наша вина или вина на доставувачот, и сака да му се врати уплатената сума на производот, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен трошокот за транспорт. Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи. Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, МЕДИКУС ХЕЛП не може да превземе никаква одговорност.
Прием на производи
Производот/ите се доставуваат до ПРВА улица, паркинг најблизок до влезната врата на куќата односно до влезот на станбена зграда, до каде има пристап возилото за испорака. Производот/ите се спакувани во соодветни кутии, како заштита од евентуални оштетувања. Во моментот на прием на производот/ите, должни сте истите да ги прегледате и веднаш да приговорите за евентувални надворешни оштетувања на производот/ите. Евентуалниот приговор треба да биде упатен на телефонскиот број за подршка на корисници 070 260 864 или да ни испратите е-маил на info@medicushelp.mk, со своите податоци и да ги наведете причините за рекламацијата. Доколку се работи за видливо оштетување можете веднаш да пријавите и кај лицето кое ја врши испораката, во спротивно сите подоцнежни рекламации во однос на надворешни оштетувања на производот/ите нема да бидат прифатени. Заедно со приемот на производот/ите задолжително добивате и пропратна документација која се состои од: упатство за користење и гарантен лист (доколку ги има зависно од производот), фискална сметка и испратница која сте должни да ја потпишете.
Враќање и замена на производи
Купувачот има право да врати купен производ во период од 15 дена од датумот на Фискална сметка/Испратницата за конкретната нарачка и тоа под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот. Средствата ќе бидат вратени на купувачот кој претходно платил со некоја од платежните картички, на сметката на корисникот на картичката.
Купувачот има право и да го замени производот без поврат на средства за друг производ по свој избор и тоа право може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен. Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка или Фактура-испратница кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот. Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.
Доколку го менувате производот од други причини, а не се работи за рекламација, во одредениот Законски рок од 15 дена, во тој случај испратите е-маил на info@medicushelp.com.mk со своите податоци број на нарачка, каде ќе ги наведете причините за потребата за враќање или замена, или јавете се на број 02/ 314 3333 за консултација. Во овој случај производот ни го праќате преку доставувач/курир на Ваш трошок. По приемот на производот ќе провериме дали истиот е оштетен, а потоа ќе Ви ја испратиме бараната замена.
Гаранција
Ова се однесува на одредени групи на производи кои зависно од видот на производот, се купуваат преку интернет страната на MEDICUS HELP а содржат пропратни документи како Гарантен лист и гарантен рок одреден од страна на производителот. Гарантниот лист содржи гарантна изјава и гарантни услови кои се обврзувачки за полноважноста на гаранцијата на производот. Гаранцијата нема да важи доколку:
- Не се достапни гарантниот лист или доказот за купување (фискална сметка или Фактура-испратница)
- Имало претходни обиди за поправка на производот од неовластени сервиси
- Има оштетувања или дефекти настанати при неправилна употреба на производот
- Има физички оштетувања на производот
Гаранцијата на производот не ги покрива додатоците и компонентите кои имаат ограничен рок на траење.
КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА МЕДИКУС ХЕЛП, И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.