Кој е најефективниот метод за третман за лимфна дренажа?
Лимфедемата е хронична состојба и не може да биде излекувана, но со правилен и долгорочен третман можат да се постигнат многу добри резултати во подобрување на лимфната циркулација и истите да се одржуваат.
Најефективниот метод за третирање на лимфедема е комплексна деконгестивна физикална терапија (КДФТ)
Целта е првично да се деконгестираат (опуштат) зафатените екстремитети и да се намали отокот со помош на дневни третмани со апаратна лимфна дренажа, мануелна лимфна дренажа и апликација на компресивни завои за бандажирање. За време на оваа фаза, терапевтот прави лимфна дренажа еднаш дневно за да помогне при отстранувањето на течноста од ткивото. Првата фаза на КДФТ обично трае и по неколку недели. Потоа следува фазата на одржување, но со тоа се почнува кога ќе се постигнат максималните резултати од првата фаза (масажа и бандажирање).
Целта на фазата на одржување е да ги задржи ефектите постигнати со првата фаза – фаза на деконгестија, поточно да се одржува постигнатиот намален обем на екстремитетот после третманот. Во фазата на одржување може да се јави потреба од повторување на методите од првата фаза на третманот. Фреквенцијата на повторувањето ја одредува терапевтот во зависност од резултатите.
По завршувањето на првата фаза, компресивните завои за бандажирање треба да се заменат со соодветни медицински компресивни чорапи или ракавици: вообичаено се препорачува рамноткаени компресивни чорапи и ракави. Исто така се препорачуваат дополнителни терапевтски мерки како - посебна нега на кожата и специјализирани вежби, како и одбрана исхрана.
Шест столба на КДФТ:
1. Апаратна лимфна дренажа
Апаратот за лимфна дренажа работи на принцип на испрекината пневматска компресија т.е го користи создадениот притисок во форма на бран и со тоа овозможува компресивна лимфна дренажа. Пневматска пресотерапија на пациентот делува позитивно со многу пријатно чувство на олеснување.
2. Мануелна лимфна дренажа
Мануелната лимфна дренажа е техника на масирање која се изведува од обучен терапевт. Терапевтот користи одредени движења за да ја стимулира лимфната дренажа. Умерените механички стимули ги поттикнуваат лимфните садови да работат поинтензивно и со тоа да помогнат при отстранувањето на лимфната течност од ткивото.
3. Компресивна терапија
Во деконгестивната фаза, по секоја МЛД се поставуваат компресивни завои бандажирање. Ова се повторува секојдневно во оваа фаза, бидејќи без компресијата со завоите за бандажирање, отокот во екстремитетите ќе се врати многу брзо по завршување на масажата. По првата фаза од третманот, во фазата на одржување се користат медицински компресивни ракавици или чорапи за да се превенира повторното јавување на отокот.
4. Хигиена и нега на кожа
Секојдневното негување на кожата со специјализирани производи е есенцијално за третирање на лимфедемата. Кожата на афектираните делови е посебно чувствителна и склона кон сувост и чешање. Инфекциите, инфламациите и проблемите со зараснување на раните се појавуваат често поради тоа што на горниот слој на кожата често му недостасува хидрација поради присутните отоците и кожата не може да ја извршува својата заштитна функција. Затоа, користењето на лосиони кои ќе ја хидрираат кожата е многу важно.
Совет: Не ги занемарувајте дури и најмалите иритации на кожата кои може да се јават. Доколку забележите промени на кожата, консултирајте се со дерматолог.
5. Вежби и гимнастика
Важно: Движете се постојано, а препорачливо е и веднаш после мануелната лимфна дренажа, иако носите компресивни бандажери. Движењето го поддржува оптималниот ефект од компресивната терапија.
6. Самоменаџирање и тренинг
За да се постигне максимален терапевтски успех, многу е важно пациентот да биде мотивиран и да учествува во третманот активно и независно, следејќи ги инструкциите на терапевтот. Информираноста и личната посветеност е многу важна за пациентот во целост да ја разбере важноста од третманите во сите фази.
Мали промени во однесувањето можат да придонесат до подобрена состојба.
Неколку секојдневни совети за подобрување на состојбата со лимфедема.
- Грижете се за својата кожа и избегнувајте повреди. Пациентите со лимфедема се подложни на инфекции.
- Релаксирајте ги нозете со регуларно вежбање.
- Практикувајте соодветни вежби (водна гимнастика/пливање) и спортови со низок ризик за повреди.
- Дезинфицирајте ја и најмалата рана веднаш штом ја забележите.
- Доколку се соочите со црвенила, отоци или промена на телесната топлина, посетете веднаш доктор.
- Носете компресивни чорапи или ракавица секојдневно, посебно кога сте активни и/или спортувате.
Совет: Разговарајте со други луѓе кои имаат лимфедема. Пациентите меѓу себе можат да си дадат многу корисни совети и да споделат лични искуства за третманите и нивниот секојдневен живот со оваа состојба.