×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Што е ​метатарзалгија?

Што е ​метатарзалгија?

Метатарзалгија (лат. ossa metatarsalia – коска на стапалото + грчки. algos – болка) е назив за појава на болка во предниот дел од стапалото. Оваа состојба настанува како последица на притисок на нервот кој поминува низ метатарзалниот тунел, односно помеѓу III и IV метатарзална коска.

Симптоми

Мортоновата метатарзалгија (Morton’s neuroma) се манифестира со болка во предниот дел на стапалото и таа најчесто се појавува за време на некоја активност. Болката се споредува со сечење со нож или електричен удар кој во момент е толку силен што личноста мора да застане да го масира предниот дел од стапалото. Оваа болка не е локализирана на едно место, таа се шири кон прстите и може да трае и по неколку часа.

Причина за појава

Најчестата причината за оваа појава е носењето на тесни обувки и обувки со високи потпетици. Исто така метатарзалгијата може да се појави како последица на прекумерно истегнување на прстите односно хиперекстензија на прстите. Ова најчесто се случува кога лицето долго време е во клекната позиција. Тоа доведува до стеснување на просторот на метатарзалните тунели и притисок врз нервите. Како последица на притисокот, нервот се проширува и е подложен на хронично задебелување и оштетување - МОРТОНОВ НЕУРОМ.

Кај општата популација метатарзалгијата се јавува почесто кај жените (сооднос 5:1) и тоа најчесто помеѓу 15-50-тата година. Кај лицата кои се занимаваат со спорт најчесто се појавува кај професионалните тркачи и танчари.

Третман и лекување

Лекувањето започнува најпрво со промена на обувките. Се советува лицата да носат пошироки обувки со ниска пета. Следен совет е задолжително користење на ортопедски влошки со метатарзално перниче кое прстите ги доведува во свиткана положба и спречува прекумерно истегнување. Во момент кога болката е интензивна и пулсирачка препорачливо е да се аплицираат ладни облоги кои ќе го намалат отокот. Доколку болката е неподнослива може да се користи аналгетска и антиинфламаторна терапија.