×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Што е пејрониева болест и како делува на машката самодоверба?

Што е пејрониева болест и како делува на машката самодоверба?

Пејрониевата е болест која се карактеризира со видлива закривеност на машкиот полов орган, што е забележливо при ерекција и се јавува кај околу 2% од машкото население. Иако е нормално да постои благо закривување, болната ерекција или значителната искривеност може да бидат знак за оваа состојба. Покрај закривеноста, понекогаш се јавува и потеченост на органот. Најчестите причини за оваа состојба се вродени неправилности или повреди на пенисот за време на ерекција.

Пенисите природно варираат по форма и големина, па затоа малата закривеност не мора да биде повод за загриженост. Сепак, кај некои мажи Пејрониевата болест може да предизвика значително искривување или болка.

Видливи промени кои може да ги забележите:

  • Ткиво со лузна (плак) - ова може да се почувствува под кожата на пенисот како рамни грутки или лента од тврдо ткиво.
  • Искривување на органот во три агли (нагоре, надолу или кон страна)
  • Скратување при ерекција – оваа состојба може да влијае на должината на пенисот, а често е придружено со проблеми при одржување на ерекцијата (еректилна дисфункција). Многу мажи со Пејрони прво ја забележуваат еректилната дисфункција пред да се појават други симптоми.

Пејрониевата болест ретко поминува сама по себе,  раниот третман треба да започне веднаш откако ќе ги воочите промените. Само така брзо и ефикасно ке се реши оваа состојба.

Пејрониевата болест често предизвикува стрес и анксиозност кај пациентите.

Регенеративна терапија, ПРП (плазма богата со тромбоцити) привлече големо внимание во андрологијата за третман на еректилна дисфункција и Пејрони. Инјекциите со PRP покажуваат позитивни резултати, обезбедувајќи методолошка и клиничка безбедност и ефикасност, со што пациентите се задоволни од постигнатите резултати.