×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Револуција во лекувањето на болки во зглобовите

Револуција во лекувањето на болки во зглобовите

Дали ArthroVisc®40 е вистинското решение за вас?

Активниот живот и енергијата зависат од повеќе фактори, но болката во зглобовите е една од најголемите пречки за нормално движење. Без разлика дали станува збор за долготрајно стоење, пешачење или едноставно качување по скали секојдневните активности стануваат предизвик кога зглобовите не функционираат како што треба.

Напредокот во регенеративната медицина носи нови можности. Еден од најперспективните производи денес е ArthroVisc®40 од швајцарската компанија Regen Lab – хијалуронска инјекција која нуди олеснување од болката и подобрување на подвижноста кај лица со остеоартритис и други проблеми со зглобовите.

Што точно е ArthroVisc®40?

ArthroVisc®40 содржи висококвалитетна хијалуронска киселина, природна компонента на синовијалната течност која се наоѓа во зглобовите. Оваа течност има клучна улога во финкцијата на зглобот: го намалува триењето, делува како амортизер и ги храни ‘рскавичните ткива.

Кога зглобовите се воспалени или оштетени како кај остеоартритис количината и квалитетот на синовијалната течност се намалува. ArthroVisc®40 помага да се врати нејзината еластичност, што значи: подобро подмачкување, намалено триење и поголема подвижност.

Како делува?

Инјекцијата се аплицира директно во зафатениот зглоб (најчесто колено, колк, рамо) и почнува да делува како „нов слој заштита“ меѓу коските. Ова резултира со:

✔️ Намалена болка 

 ✔️ Подобрена флексибилност 

 ✔️ Поголема удобност при движење 

 ✔️ Поддршка на природниот процес на обновување на зглобната ‘рскавица

Дополнителен бенефит е регенеративниот ефект:

Иако ArthroVisc®40 е базиран на хијалуронска киселина, многу клиники го комбинираат и со PRP терапија (крвна плазма богата со тромбоцити), која може позитивно да влијае и врз нервното ткиво. 

Оваа комбинација може да помогне кај состојби како невропатија на стапалата, каде што пациентите чувствуваат пецкање, слабост и болка.

Факторите на раст во PRP ја подобруваат микроциркулацијата и ја стимулираат функцијата на оштетените нерви што понекогаш доведува до намалување на болката и подобрена чувствителност.

Зошто да размислите за ArthroVisc®40?

Еве неколку причини:

  • Ефикасно Ве ослободува од болка (го намалува воспалението и ја штити ‘рскавицата)
  • Гарантира подобра подвижност (ја враќа еластичноста и ја подобрува функцијата на зглобот)
  • Ова е минимално инвазивен третман (инјекцијата се аплицира амбулантски, без операција)
  • Делувањето има природен пристап (поттикнува процеси на саморегенерација на ткивото)
  • Долготрајна корист (не е само моментален ефект, туку обезбедува поддршка и за во иднината)

За кого е наменет?

ArthroVisc®40 е особено корисен за лица кои:

  • Имаат дијагностициран остеоартритис
  • Почнуваат да чувствуваат ограничена подвижност во колената, колковите или рамената
  • Сакаат да избегнат или одложат хируршка интервенција
  • Се активни, но болката им пречи во движењето

Секако, пред да одлучите, секогаш е најдобро да се консултирате со лекар специјалист по ортопедија или физијатрија. Тие можат да проценат дали ArthroVisc®40 е соодветно решение за вашата состојба.

Здрави зглобови значат повеќе движење, повеќе слобода и поголема радост од животот.

Не го одложувајте решението. Вашите зглобови ќе ви бидат благодарни.