Користењето на помагало за движење не е срам, тоа е одлука за безбеден и квалитетен живот
Во нашето општество сè уште постои перцепција дека користењето на бастум, ролатор или друго помагало за движење е знак на слабост или старост. Но вистината е сосема спротивна, ова е знак на свесност, грижа за сопственото здравје и паметен чекор кон превенција на повреди.
Зошто не треба да чувствуваме срам?
Секое тело има свој ритам и свои потреби. Понекогаш, после операција, повреда или хронична болка, ни е потребна дополнителна поддршка. Наместо да го форсираме телото и да ризикуваме пад или дополнителна повреда, користењето на помагало ни овозможува стабилност, сигурност и слобода на движење.
Која е функцијата на помагалото?
- ја намалува шансата за падови и повреди,
- ја подобрува самостојноста и сигурноста при одење,
- го олеснува секојдневното функционирање,
- помага при рехабилитација и закрепнување.
Тоа не е нешто што нè ограничува, напротив тоа е алатка што нè поттикнува да останеме активни, независни и мобилни.

Превенцијата е најдобра терапија
Повеќето повреди кај постари лица настануваат токму поради недоволна стабилност или несоодветна поддршка при движење. Со соодветно избрано помагало без разлика дали е бастум, патерица, ролатор или количка може да се избегнат скршеници, дисторзии и многу болни повреди.
Време е да го смениме начинот на размислување
Користењето на помагало не треба да се гледа како „последна опција“, туку како мудар избор за секој кој сака да остане активен и безбеден. Тоа е чин на грижа кон себе, како физички така и ментално.
Запомнете: Помагалото за движење не ве прави послаби, тоа Ви дава сила да продолжите понатаму, со повеќе самодоверба и стабилност.
Доколку имате потреба од совет при изборот на помагало, тимот на Medicus help е тука за вас со професионална поддршка и решение за секоја потреба.
