Цервикална ортоза Виста со прилагодлива висина за имобилизација на вратот. Има иновативна технологија за прилагодување на висината, што овозможува ортозата да се прилагоди на шест големини.
Цервикална ортоза Виста за имобилизација вратот и со можност за екстензија. Има иновативна технологија за прилагодување на висината, што овозможува ортозата да се прилагоди на шест големини. Составена е од два дела, преден и заден, кои се поврзани со велкро ленти. Го ограничува движењето на вратот наназад, нанапред и странично како и негова ротација. Во внатрешниот дел има влошки обложени со памук кои се нежни за кожата и ги намалуваат точките на притисок во задниот дел од вратот што ја прави удобна за носење. Во предниот дел има отвор за трахеостома и за циркулирање на воздухот.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам