Анатомски обликувана цервикална кравата изработена од пластика за целосна имобилизација на вратот.
*лица до 18 години се ослободени од партиципација
Големина | Обем на врат |
S | 27-34 |
M | 34-41 |
L | 41-48 |
*сите димензии се изразени во сантиметри
Анатомски обликувана цервикална кравата изработена од пластика за целосна имобилизација на вратот. Внатрешноста е обложена со сунѓерест материјал за апсорпција на влагата и превенција од создавање на рани од декубит при подолго носење. Составена од два дела (преден и заден) кои се споени со велкро лепенка за едноставно поставување, без да се поместува вратот на пациентот. Во предниот дел во делот на градната коска, има стернално перниче кое овозможува подобра фиксација и имобилизација, а има и отвор за интервентна трахеотомија. Идеална за транспорт на пациент по повреда.
Цервикална дископатија;
Повреди и контузии на вратните пршлени и лигаменти;
Постоперативно после интервенции во пределот на вратот.
Q68.0 конгенитална деформација на стерноклеидомастоидниот мускул;
M50( M50.0-M50.9) заболување на цервикален диск;
M53.0 цервикокранијален синдром;
M53.1 цервикобрахиален синдром;
M53.2 рбетни нестабилности;
S12(S12.0-S12.9) фрактура на вратот;
S13 ( S13.0-S13.6) дислокации,шинување и истегнување на зглобовите и лигаментите на ниво на вратот;
S16 повреда на мускул и тетива на ниво на вратот;
T91.1 секвели од фрактури на ‘рбетот
Ортопед, Физијатар или Хирург
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам