×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Што е слип апнеа и како се лекува?

Што е слип апнеа и како се лекува?

Слип апнеа претставува сериозно нарушување кое доведува до престанок на дишењето во текот на ноќта. Оваа состојба се карактеризира со престанок на дишењето и намалување на протокот на воздух низ дишните патишта во текот на сонот, кое трае и подолго од 10 секунди. Се претпоставува дека 5% од општата популација има слип апнеа.

Што претставува сонот?
Сонот е активна состојба со ритмички тек. Содржи две различни нивоа, REM состојба и длабок сон. Возрасен човек има потреба од 7-8 часа сон дневно. Доколку сонот трае помалку од 5 часа дневно во подолг временски период, може да се јават физички, емоционални и психолошки проблеми.

Постојат две главни фази на сон:
Non-REM (NREM) сон е составен од 4 фази, секоја фаза е подлабока од претходната:

  • Фаза N1 (транзиција кон сон) оваа фаза трае околу пет минути. Очите се движат бавно под очните капаци, активноста на мускулите се намалува и човекот може лесно да се разбуди.
  • Фаза N2 (лесен сон) ова е првата фаза од вистинскиот сон, трае 10-25 минути. Очите не се движат, се намалуваат срцевите отчукувања и се намалува температурата на телото.
  • Фаза N3 (длабок сон) кога човекот тешко може да се разбуди, но доколку се разбуди – не може веднаш да се прилагоди и затоа неколку минути е дезориентиран. Во фазата на длабок сон мозочните бранови се екстремно спори. Протокот на крвта кон мускулите е контролиран од мозокот со што се обновува физичката енергија.
  • REM (Rapid Eye Movement) сон е кога е активно сонувањето. Во текот на оваа фаза очите се движат напред-назад, поради што оваа фаза и се нарекува „брзо движење на очите“. Околу 70 до 90 минути по заспивање се влегува во REM сон, кога човекот почнува да сонува. Очите почнуваат брзо да се движат, дишењето е плитко, а срцевиот пулс и крвниот притисок се зголемуваат. Исто така, во оваа фаза рамената и мускулите на нозете се парализирани.

Како се јавува слип апнеа
Слип апнеа настанува во текот на спиењето, кога мускулите се опуштаат, па така и мускулите околу дишните патишта се релаксираат и може да го затворат протокот на воздух. Струењето на воздухот не може да се пробие до долните дишни патишта и настанува слип апнеа, односно прекин на дишењето. Кога престанува дишeњето, кислородот во крвта почнува да паѓа, на што реагира мозокот и го буди пациентот за да продолжи да дише. Може во тек на еден час тоа да се случува повеќе од 100 пати. Овие будења не дозволуваат да се влезе во длабок сон и затоа пациентите наутро се будат уморни, имаат утринска главоболка и сѐ почесто се успиваат кога на момент престануваат со некоја работна активност. Исто така луѓето со слип апнеа имаат зголемен ризик од мозочен и срцев удар и зголемен крвен притисок.

Постојат три типа на слип апнеа:

  • Опструктивна слип апнеа – Колапс на мускулите на фарингсот поради намален мускулен тонус во текот на спиењето.
  • Централна слип апнеа – Временски ограничена нестабилност на респираторниот ситем.
  • Комбинирана слип апнеа – Појава на опструктивна и централна слип апнеа

Дијагноза на слип апнеа
За дефинитивна дијагноза на опструктивната слип апнеа потребно е да се направи полисомнографско испитување во лабораторија за сон, а потоа се одредува лекувањето од страна на специјалисти. Третманот е со помош на специјален апарат Морфеус за слип апнеа.

Како функционира апаратот за слип апнеа?
Апаратот се состои од мали турбини кои создаваат позитивен притисок кој струи преку маската на лицето на пациентот. На овој начин дишните патишта постојано се отворени. Се работи за софистициран апарат кој работи бесшумно и е удобен за пациентите. После неколку ноќи со апаратот Морфеус пациентите се будат наспани, им се подобруваат конгнитивните функции (памтење и концентрација) и им се нормализира крвниот притисок. Доколку апаратот редовно се користи, се намалува ризикот од мозочен и срцев удар и зголемен крвен притисок.

Внимавајте
Многу е важно оваа болест да се сфати сериозно. Грчењето само по себе може да биде иритирачко, но не е опасно сѐ додека не го поремети сонот. Проблемот е сериозен доколку покрај тоа се јавува и апнеа – повремено прекинување на дишењето, па затоа е важно кога ќе се забележат првите симптоми да се посети лекар и навреме да се почне со лекување.