×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Што е причина за болка во вратот?

Што е причина за болка во вратот?

Вкочанетост и болка во вратот е чест проблем, кој се јавува на секоја возраст. Може да биде последица на повреда, дегенеративни промени во `рбетот или како последица на неправилна положба на вратот подолг временски период. Во продолжение ви објаснуваме за најчести причини кои може да доведат до болка во вратот и ве советуваме како да си помогнете.

Повреди

Постојат многу повреди кои може да предизвикаат стрес во вратот, и да се јави болка во вратот. Преоптоварување на вратот при вежбање, сообраќајна несреќа се најчести ситуации кои може да предизвикаат повреда во овој дел. Ова може да доведе до специфични состојби како херниран диск, зафатен нерв и повреда. Кога лигаментите на вратот се оштетени или затегнати, се засегнати пршлените во пределот на вратот , што доведува до ограничено движење на вратот.

Дегенеративни заболувања на пршлените

Доколку имате болки во вратот, причина може да биде и дегенеративна болеста на дисковите. `Рбетот содржи 23 дискови кои почнуваат во горниот дел на вратот и се протегаат до долниот дел од грбот. Овие дискови служат како амортизери помеѓу два пршлена и се составени од цврсто ткиво (прстен) исполнет со мек гел (јадро). Кога е оштетен дискот се намалува амортизацијата помеѓу пршлените.

Неправилно држење на вратот

Секојдневниот стрес на вратот, кој е последица на долгото седење пред компјутер може да доведе до промени во вратните пршлени и до болка. Додека седите на компјутер вашиот врат е наведнат надолу што доведува до напрегање на пршлените и мускулите во овој дел. Чести паузи во текот на денот, редовно вежбање како и јога може да помогне да се намали болката.


Како се третира?

Ако страдате од болки во вратот, постојат многу опции кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро. Во однос на тешка болка во вратот поради ненадејна повреда или несреќен случај, потребно е да отидете на лекар, за да се дијагностицираат промените кои се причина за болка. Откако ќе добиете дијагноза, постојат повеќе начини за третман. Релаксаторот за врат ефикасно помага во намалување на болката во вратот со природно подобрување на протокот на крв во нервите и подмачкување на болни зглобови преку нежна декомпресија.