Домашна нега без болничка атмосфера – што ви е навистина потребно?
Кога некој близок се соочува со болест, повреда или закрепнување по хируршка интервенција, домашната нега станува важен дел од процесот на опоравување. Со соодветна медицинска опрема, домот може да се претвори во безбедна и удобна средина која ќе му овозможи на пациентот поголема удобност, а на семејството полесна грижа.
Медицински кревет е основа за квалитетна домашна нега
Еден од најважните производи за пациентите кои подолг период се во лежечка положба е медицинскиот кревет. Без разлика дали ви е потребен болнички кревет за домашна нега по операција, поради хронична болест или намалена подвижност, правилниот избор значително го олеснува секојдневието.
Современите медицински кревети се дизајнирани и за домашна и за болничка употреба. Благодарение на нивниот практичен дизајн, лесно се вклопуваат во секој простор.
Постојат два основни типа:
Механички медицински кревет (се прилагодува рачно со помош на мануелен механизам).
Електричен медицински кревет(овозможува лесно управување со далечински управувач, без дополнителен физички напор).
Во зависност од потребите на пациентот, креветот може да овозможи:
- подигнување на грбот и главата;
- подигнување на делот под колената;
- прилагодување на целата висина на лежиштето;
- Тренделенбург и анти-Тренделенбург позиција.
Лежиштето на сите модели е изработено од латофлекс кои овозможуваат подобра циркулација на воздухот и правилно функционирање на антидекубиталниот душек, со што се намалува ризикот од појава на декубитални рани.

Антидекубитален душек е важна заштита за пациентот
Доколку пациентот подолг период лежи во кревет, употребата на антидекубитален душек е речиси неопходна.
Неговата функција е да го намали притисокот врз телото, да ја подобри циркулацијата и да помогне во превенција на црвенило, оштетување на кожата и појава на декубит.
Во зависност од потребите, може да се избере:
- пневматски антидекубитален душек со наизменично менување на притисокот;
- антидекубитален душек од мемори пена кој обезбедува стабилна потпора и дополнителна удобност.
За дополнителна заштита на душекот, се препорачува користење на ламиниран непропустлив чаршав кој спречува навлегување на течности и го олеснува одржувањето на хигиената.
Медицинската масичка е практичен додаток кој значително го олеснува престојот во кревет.
Најчесто се користи за оброци, но истовремено служи и за читање книги, користење лаптоп или таблет, пишување или други секојдневни активности. Благодарение на прилагодливата висина и тркалцата, лесно се користи покрај медицински, но и покрај обичен кревет.
Сталакот за инфузија е практично решение за домашна терапија
Кај пациентите кои примаат инфузиона терапија во домашни услови, сталакот за инфузија е незаменлив дел од опремата.
Тој овозможува безбедно поставување на инфузијата, а благодарение на тркалцата, пациентот може полесно да се движи низ просторијата без прекин на терапијата.
За пациентите со респираторни заболувања или состојби кои бараат дополнителен кислород, кислородниот концентратор претставува сигурно и практично решение.
Уредот апсорбира воздух од околината, го филтрира и обезбедува кислород со висока концентрација. Може да се користи со кислородна маска или назална канила, во зависност од препораката на лекарот.
Благодарение на вградените тркалца, концентраторот лесно се придвижува, овозможувајќи му на пациентот поголема слобода на движење во просторијата.
Изборот на квалитетна медицинска опрема за домашна нега не значи само поголема удобност за пациентот, туку и полесна грижа за целото семејство.
Доколку во моментот не сте во можност да купите медицински кревет или кислороден концентратор, можете да ја искористите услугата за изнајмување. Јавете се на 023143333 информирајте се за условите и достапните модели.