×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Наскоро ќе станете мајка? Солидеа ќе ви помогне чекањето да биде полесно!

Наскоро ќе станете мајка? Солидеа ќе ви помогне чекањето да биде полесно!

Отечени стапала, болни глуждови, болки во нозете… речиси секоја трудница се соочува со овие проблеми. Докажано е дека ризикот од венска инсуфициенција се зголемува во текот на бременоста. 

Што можете да направите?

Важно е да почнете со здрав начин на живот,  да практикувате редовна физичка активност како пливање, возење велосипед и одење. Докторите советуваат во исхраната да внесувате повеќе  овошје и зеленчук, да спиете со кренати нозе, да избегнувате тесна облека и да носите удобни чевли.

За значително намалување или превенција на проблемите предизвикани од проширени вени, наједноставно и најпрактично решение е да носите компресивни хулахопки.

Овие хулахопки имаат градуирана компресија која е најсилна во делот на глуждот и постепено се намалува од глуждот до бутот. Исто така компресивните хулахопки прават масажа на нозете и ја подобруваат циркулацијата.

Тие се неопходни во текот на бременоста.  За идните мајки Солидеа дизајнираше специјална линија, Вондер мама, кои се шират во пределот на стомакот. Се препорачува носење на компресивни хулахопки и по породувањето за побрзо да се намали отокот во пределот на нозете.

Хулахопките Вондер мама се едноставен, но многу ефикасен начин да се обезбеди благосостојба и здравје на вашите нозе.