×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




5 Најчести прашања и одговори за градните протези и ортопедските градници

5 Најчести прашања и одговори за градните протези и ортопедските градници

Градните протези се наменети за жени по операција на дојка. Се носат со цел да се постигне природниот облик на градите и телото. Изработени се од силикон и се носат во специјален ортопедски градник.

1. Зошто е потребна градна протеза?
Изборот на соодветна протеза, која по форма, големина и тежина е слична со другата дојка ја враќа симетријата на телото и овозможува одржување на природниот баланс. По отстранување на дојка, градната протеза треба да се носи пред сѐ од здравствени причини односно превенирање на искривување на `рбетниот столб, болки во рамената, вратот и грбот.

2. Кои се предностите на градната протеза?
Носењето на протеза е личен избор. Многу жени се одлучуваат да носат протеза заради тоа што сакаат да изгледаат визуелно како пред операцијата. Постојат и други предности:

  • Дава топлина
  • Ги заштитува лузните
  • Ја враќа рамнотежата на телото
  • Превенира искривување на `рбетот и рамото и ослободува од мускулна болка во вратот и `рбетот.

3. Колку брзо по операцијата може да се носи градна протеза?
Жената треба да се консултира со лекар во однос на тоа кога може да почне со носење на протеза. Временскиот период зависи од обемот на операцијата и текот на заздравувањето. Повеќето жени можат да носат градна протеза во рок од 6-8 недели по операцијата, откако ќе зарасне раната и ќе се извадат конците. Веднаш по хируршката интервенција привремено може да се носи памучна протеза.

4. Колку видови на градни протези постојат?
Градните протези се разликуваат по формата и материјалот од кој се изработени. Постојат памучни и силиконски градни протези:

Памучна протеза – специјална привремена градна протеза направена од исклучително лесен памук, пријатен за кожата. Нејзиниот фино обликуван дизајн и мекост ѝ овозможуваат на жената да ја носи веднаш по операцијата, што ќе помогне за нејзината самодоверба. Привремената градна протеза е совршено решение додека жената не почне да ја носи потребната екстерна градна протеза.

Силиконска протеза – градна протеза изработена од силикон, со нежен изглед и мека на допир. Дизајнирана е да ги задоволи потребите на жените по отстранување на дојката.

5. Што е ортопедски градник?
Ортопедскиот градник е специјално дизајниран, со џебови во кои се поставува протеза. Со него се подобрува и обликот и формата на градите. Дизајнот на овој градник овозможува покривање на лузните. Ортопедскиот градник, за разлика од стандардните градници има помало растојание помеѓу прерамките и на тој начин овозможува подобра поддршка. Градникот е дизајниран да ја поддржува формата на градите без да се прави дополнителен притисок на рамената, а тоа е благодарение на специјалните широки и удобни прерамки. Широкиот појас под корпите нуди подобра стабилност и поддршка, со што овозможува сигурност дека протезите нема да се поместат. Страничните рабови под рацете се пошироки, за да се покријат лузните од операција и за подобро држење на градникот.