×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Спец. физиотерапевт Блаже Арсов не запознава што значи Dry needling терапија и за што се употребува

Спец. физиотерапевт Блаже Арсов не запознава што значи Dry needling терапија и за што се употребува

Dry needling 

Dry needling e нов модерен третман кој се користи во последните децении. Тој е дизајниран да ги стимулира тригер точките, односно мускулите кои се сензитивни и да ја ублажува мускулната болка. Dry needling терапијата може да ја сретнеме под називот интрамускулна стимулација и истата може да се комбинира со електротерапија.

Поради користењето на стерилни игли од нер’ѓосувачки метал во третманот многу често оваа техника се меша со акупунктура, но доколку започнете да ги споредувате брзо ќе забележите дека всушност тоа е единствената сличност. Акупунктурата е стара кинеска терапевтска техника со која преку вметнување на игли на одредени точки на телото помага за рамнотежата на “виталната енергија што тече низ телото”.  Додека Dry needling е нова техника која се употребува во третманот на мускулно скелетни болни состојби третирајки ги болните мускулни тригер точки .

Механизми на дејствување

Докажано е дека иглата веднаш го зголемува прагот на болка при притисок и опсегот на движење, го намалува мускулниот тонус и ја намалува болката кај пациенти со мускулно-скелетни состојби.

Неговите механизми на дејство вклучуваат:

Локален одговор на грчеви: иглата може да предизвика „локален одговор на грчеви“ што е неволен спинален рефлекс што резултира со локализирана контракција на засегнатите мускули. Локалниот одговор на грчеви може да доведе до промена на должината и напнатоста на мускулните влакна и да ги стимулира механорецепторите  како што се Алфа Бета влакната. Dry needling предизвикува вазодијалација во малите крвни садови што доведува до зголемен мускулен проток на крв и оксигенација. Исто така може да предизвика намалување на централната и на периферната сензибилизација на болка.

За време на третманот, се вметнуваат неколку игли во„тригерточки“ во засегнатиот мускул или ткиво. Третманот трае околу 20-30 минути. Должината на третманот зависи од проблемот кој се третира.

Дали има некои несакани ефекти или ризици од Dry needling?

Најчестите несакани ефекти околу местото на инјектирање вклучуваат:

  • модрица
  • крварење
  • привремена болка

Ако се користат не стерилни игли, може да имате ризик од заразување со крвни болести и/или инфекции. Бидете сигурни дека вашиот терапевт користи стерилни игли за една употреба.

 Индикации

Оваа терапија може да се применува при миофасциална болка со директен третман врз самите тригер точки. Истотака Dry needling покажува голем број на бенефити во третманот на спортски мускулни повреди, остеоартритис и тендинопатии.

Контраиндикации

Апсолутни контраиндикации

  • Кај пациент со фобија од игли.
  • Кај пациент кој не може да даде согласност (нарушена комуникација, когнитивни  фактори поврзани со возраста и сл.)
  • Акутна медицинска состојба.
  • Над област или екстремитет со лимфедем бидејќи тоа може да го зголеми ризикот од инфекција/целулит и тешкотијата во борбата против инфекцијата доколку се појави.

Релативни контраиндикации

  • Абнормална тенденција за крварење
  • Нарушен имунолошки систем
  • Васкуларна болест
  • Дијабетес
  • Бременост
  • Деца
  • Изнемоштени пациенти
  • Пациенти со епилепсија
  • Алергии на пациентите
  • Несоодветен пациент поради која било причина

Третманот со Dry needling треба да биде изведен од страна на соодветно едуциран медицински персонал, физиотерапевти кои поминале соодветна дополнителна едукација.


Овој третман може да биде комбиниран со голем број физиотерапевтски техники кои како комбинација можат да го забрзаат процесот на рехабилитација во треманот на мускулно скелетните болни состојби.

Погледнете ја нашата понуда: Игли за техника Dry needling

Блаже Арсов

Дипломиран Физиотерапевт

Спец.Физиотерапевт за рехабилитација при травматологија, хирургија и ортопедија