×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Бидете активни во зима!

Бидете активни во зима!

Во зима помалку се движиме а причина за тоа се ниските температури. Сите сакаме да се „стуткаме“ под ќебе и да гледаме телевизија. Сепак, дневната светлина и движењето на свеж воздух имаат многу позитивни ефекти на физичкото и на менталното здравје. Затоа започнете сега, не чекајте пролет!

Физичка активност во зима

Добро е да се знае дека физичката активност на ладно помага да се зајакне имунолошкиот систем, да се одржи физичката кондиција, да се намали вишокот на килограми како и депресивното расположение кое може да се јави како резултат на подолг престој во затворени простории. Вежбањето на пониски температури може да го зголеми согорувањето на калории за 30%. Затоа се препорачува да бидете физички активни на свеж зимски воздух, освен ако имате астма или кардиоваскуларни проблеми, за што прво треба да се консултирате со лекар.  

За време на зимските активности најважно е да се облечете соодветно. Потребна ви е  повеќеслојна облека, материјал што брзо се суши, јакна која добро ќе ве заштити од ветер и влага, капа, ракавици, како и удобни и водоотпорни обувки. По вежбањето треба веднаш да се пресоблечете во сува и топла облека.

Исто така, добро е да се проверат временските услови. Ако дува силен ветер и температурите се ниски, треба да ги одложите активностите на отворено. Во снежни услови, внимавајте на мразот и секогаш носете очила и крема со заштитен УВ фактор.

Запомнете дека треба да пиете доволно течности за да избегнете дехидратација. Ова е особено важно да се забележи бидејќи во зима чувствуваме помала жед па постои можност да не пиеме доволно вода.

Па, ајде да тргнеме!

Планинска бајка

Планинарењето во зима е одлична можност за движење на чист воздух и дружење. Прекрасните планински предели, особено во снежни услови, даваат чувство на спокој и единство со природата. Понесете термос со топол пијалок, вода и нешто за грицкање!

Во зима не треба да се откажувате од трчање!

Трчањето ги зајакнува мускулите и коските на целото тело, штити од висок крвен притисок и е добро за расположение. Важно е да се внимава на ниските температури особено во раните утрински часови. Затоа, подобро е да трчате доцна наутро или попладне кога воздухот малку ќе се загрее и има помали шанси за мраз. Трчањето на ниски температури е добро ако сме топло облечени и не претеруваме со темпото. Многу се важни и соодветни патики!

 Дали сте за прошетка?

Ако во зима излегувате од дома во топла облека и удобни чевли или патики, подготвени сте за акција! Пешачењето во зима може да биде пријатно. Едноставно одлучете да не одите со автомобил, туку пеш, што за многумина не е обичај во зима, а гарантира добро чувство и придобивки за здравјето и благосостојбата многу повеќе од попладневно излежување на каучот.

Одењето е погодно за сите возрасни групи, а се препорачува и за оние кои не можат да трчаат, како што се дебели луѓе, лицата со дегенеративни заболувања на зглобовите или луѓе со висок притисок и кардиоваскуларни проблеми. Иако пешачењето со умерено или брзо темпо носи низа здравствени придобивки, не треба да ги потценувате ниту полесните прошетки, бидејќи тие исто така позитивно влијаат на здравјето и секако ви дозволуваат да останете на отворено. Интензитетот и времетраењето на одењето треба да се приспособи на сечија физичка кондиција и здравје.

Скијање-забава за целото семејство

Скијањето е забавен спорт кој има многу придобивки за целото тело: ги зајакнува мускулите на целото тело, ја подобрува рамнотежата и флексибилноста го намалува стресот, ја зголемува енергијата и др.Снегот дава можност и за многу други зимски радости како што е санкање, правење на снешко... Зимските денови и ладните температури се природни појави кои ве повикуваат надвор и ќе ви помогнат во одржување на психо-физичкото здравје.