×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Вдишете и издишете – вежби за подобро дишење

Вдишете и издишете – вежби за подобро дишење

Вежбите за дишење се корисни за подобрување на функцијата на белите дрбови и намалување на стресот. Сепак повеќето не размислуваат за ова, додека не се соочат со некоја белодробна болест. Доколку секој ден одвоите 10 минути за да ги направите овие вежби ќе забележите голема разлика. 

Во продолжение ви даваме неколку предлози. Започнете со две минути неколку пати на ден и доколку се чувствувате подобро, зголемете го времетраењето.

1. Дишење со стиснати усни

Ова е основна вежба која ќе ви помогне да го контролирате вашиот ритам на дишење.

Опис на вежбата: Опуштете ги вратот и рамената. Држете ја устата затворена, полека вдишувајте низ носот и бројте до два. Обидете се да го наполните и стомакот со воздух. Потоа со стиснати усни, како да дувате, издишувајте полека низ уста двојно поспоро од вдишувањето. Повторете неколку пати. Со текот на времето може да го зголемите времето на вдишување и издишување.

2. Дишење со дијафрагма

Оваа вежба ќе ви помогне да ги користите главните респираторни мускули. Со секојдневно вежбање ќе научите како правилно да дишете.

Опис на вежбата: Седнете или легнете (со перница под глава и малку свиткани нозе во колено) и опуштете се. Дланките ставете ги под ребрата. Вдишувајте и издишувајте полека и длабоко. При вдишување, обидете се да го наполните целиот стомак со воздух и со дланките чуствувајте како се шири делот под ребрата.  При издишување, лесно притиснете со дланките за да го издишете целиот воздух. На почеток ќе се чуствувате уморни но со текот на времето ова дишење ќе ви стане природно. Правете ја оваа вежба 5 до 10 минути три пати на ден.

3. Длабоко дишење

Оваа вежба помага да се олесни дишењето во случаи на отежнато дишење бидејќи спречува „заглавување“ на воздухот во белите дробови и ви овозможува да вдишете повеќе воздух. Исто така ќе ви помогне да се опуштите и фокусирате.

Опис на вежбата: Додека стоите или седите, нежно повлечете ги лактите назад за да дозволите градите да се рашират. Вишете длабоко низ носот. За држете го воздухот и бројте до 5 а потоа полека издишете преку нос.

4. Истегнување и дишење 

Оваа вежба ќе ви помогне да се зајакнат респираторните мускули кои се важни за правилно и квалитетно дишење.

Опис на вежбата: Застанете исправено, спојте ги нозете и опуштете ги рамената надолу. Нежно повлечете го долниот дел на стомакот. При вдишување, кревајте ги рацете над глава и спојте ги дланките. При издишување спуштајте ги рацете надолу и истегнете го торзото на горе како да се кревате.