Остеоартритис на колено
Остеоартритисот настанува кога делови од зглобовите прекриени со ’рскавично ткиво се деформираат.
Симптоми
Симптомите на остеоартритисот се развиваат бавно, постепено и се влошуваат со текот на времето.
- Болка – најнапред болката се јавува во текот на подолго движење, за подоцна да е присутна и по оптоварување.
- Чувствителност – зглобовите се чувствителни на допир.
- Вкочанетост – карактеристична е утринската вкочанетост, која по кратко раздвижување се намалува.
- Флексибилност – се намалува опсегот на движење и мобилноста на зглобовите.
- Крцкање во зглобовите – во текот на движењето се слушаат крцкање во зглобовите.
Ризик фактори
Фактори што може да го зголемат ризикот од остеоартритис се:
- Возраст – со годините се зголемува ризикот од остеоартритис.
- Пол – Жените се поподложни на остеоартритис за разлика од мажите, но не се знае причината.
- Зголемена телесна тежина – на неколку начини го зголемува ризикот од остеоартритис. Прекумерната телесна тежина создава дополнителен притисок и стрес на зглобовите. Исто така, масното ткиво може да продуцира протеини кои предизвикуваат воспаление околу зглобовите.
- Повреди на зглобовите – особено повторувачките спортски трауми врз одреден зглоб може да придонесат за развој на остеоартритис.
- Генетска предиспозиција – кај некои луѓе постои генетска предиспозиција за развој на остеоартритис.
- Деформитети на коските – постоењето а вродени деформитети на коскено – зглобниот систем го зголемува ризикот од развој на остеоартритис.
- Други болести и состојби – дијабетес и други ревматски болести како ревматоиден артритис може да го зголемат ризикот од остеоартритис.
Третман
Физикална терапија – Преку одредени физикални процедури кои имаат аналгетско и антиинфламаторно дејство како и со зајакнување на одредени групи мускули со што се зголемува опсегот на движење и се намалува болката.
Стегачи и ортози – Стегачите и ортозите може да помогнат за да се намали болката додека се движите. Овие протези го намалуваат притисокот врз коленото погодено од остеоартритис.
ПРП инјекции – содржат крвна плазма и хијалурон и се инјектираат во зглобот. Помагаат да се намали болката и воспалителниот процес и го олеснуваат движењето со тоа што се намалува триењето на структурите во зглобот.