×

Cart

Your cart is empty.




Остеоартритис на колено

Остеоартритис на колено

Остеоартритисот настанува кога делови од зглобовите прекриени со ’рскавично ткиво се деформираат.

Симптоми
Симптомите на остеоартритисот се развиваат бавно, постепено и се влошуваат со текот на времето.

  • Болка – најнапред болката се јавува во текот на подолго движење, за подоцна да е присутна и по оптоварување.
  • Чувствителност – зглобовите се чувствителни на допир.
  • Вкочанетост – карактеристична е утринската вкочанетост, која по кратко раздвижување се намалува.
  • Флексибилност – се намалува опсегот на движење и мобилноста на зглобовите.
  • Крцкање во зглобовите – во текот на движењето се слушаат крцкање во зглобовите.

Ризик фактори
Фактори што може да го зголемат ризикот од остеоартритис се:

  • Возраст – со годините се зголемува ризикот од остеоартритис.
  • Пол – Жените се поподложни на остеоартритис за разлика од мажите, но не се знае причината.
  • Зголемена телесна тежина – на неколку начини го зголемува ризикот од остеоартритис. Прекумерната телесна тежина создава дополнителен притисок и стрес на зглобовите. Исто така, масното ткиво може да продуцира протеини кои предизвикуваат воспаление околу зглобовите.
  • Повреди на зглобовите – особено повторувачките спортски трауми врз одреден зглоб може да придонесат за развој на остеоартритис.
  • Генетска предиспозиција – кај некои луѓе постои генетска предиспозиција за развој на остеоартритис.
  • Деформитети на коските – постоењето а вродени деформитети на коскено – зглобниот систем го зголемува ризикот од развој на остеоартритис.
  • Други болести и состојби – дијабетес и други ревматски болести како ревматоиден артритис може да го зголемат ризикот од остеоартритис.

Третман
Физикална терапија – Преку одредени физикални процедури кои имаат аналгетско и антиинфламаторно дејство како и со зајакнување на одредени групи мускули со што се зголемува опсегот на движење и се намалува болката.

Стегачи и ортози – Стегачите и ортозите може да помогнат за да се намали болката додека се движите. Овие протези го намалуваат притисокот врз коленото погодено од остеоартритис.

ПРП инјекции – содржат крвна плазма и хијалурин и се инјектираат во зглобот. Помагаат да се намали болката и воспалителниот процес и го олеснуваат движењето со тоа што се намалува триењето на структурите во зглобот.