×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Миофасцијална масажа за спортисти

Миофасцијална масажа за спортисти

При физичка активност се јавуваат иритација и воспалителни процеси кои може да доведат до задебелување на мекото ткиво (мускули и мускулна обвивка-фасција). Се манифестира со болка, намален опсег на движење и намалена циркулација во крвотокот. За да се намалат овие проблеми, потребно е да се прави миофасцијална масажа за опуштање на меките ткива со помош на пилатес ролна. Со опуштање на мекото ткиво се намалува затегнатоста и напнатоста во мускулите.

Пилатес ролната е реквизит направен од густа пена, кој се користи за независна масажа и е наменет за сите нивоа на спортска активност – и кај рекреативни и кај професионални спротисти. Основната форма на масажа е поставување на ролната на подот и со „тркалање“ по неа да се помине со тежината на телото. На места каде ќе се почувствува болка треба да се посвети повеќе време. Цилиндричната форма на пилатес ролната овозможува масажа на поголеми мускули – грб, глутеус, бутови и сл.

Масажата со пилатес ролната е одличен начин да се забрза обновувањето на мускулите, да се подобрат перформансите. Исто така е одлична за рехабилитација при повреди преку подобрување на протокот на крв. Со цел да се подобри квалитетот на мускулното ткиво, се препорачува масирањето да се направи еднаш до три пати неделно, за да помогне во побрзо опоравување од повреда.

Следува видеo со 8 вежби: