×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




5 причини зошто е подобро да вежбате дома

5 причини зошто е подобро да вежбате дома

Сите знаеме дека вежбањето е важно за здравје и за добар изглед. Но дали е потребно да одите во сала за вежбање, кога ја имате удобноста на вашиот дом?

Во продолжение ви даваме 4 причини зошто да вежбате дома.

1. Ќе заштедите време и пари
Одењето во сала може да биде досадно. Треба да се облечете, да возите до салата и да се пресоблечете во облеката за вежбање. Потоа откако ќе завршите треба сѐ да направите повторно, по обратен редослед. Сето ова може да ви одземе повеќе време отколку самиот тренинг. Кога на ова ќе ги додадете и финансиските трошоци – треба да размислите за вежбање од дома.


2. Имате слобода да вежбате кога сакате
Во сала за вежбање можете да вежбате кога е отворена и кога нема многу гужва. Вежбањето дома ви дава флексибилност – можете да вежбате наутро или навечер, или два пати дневно за најдобро да го искористите вашето време.

3. Имате подобра концентрација
Дома никој не ве вознемирува додека вежбате. Ќе бидете фокусирани и ќе имате поефикасни тренинзи.

4. Нема повеќе бактерии
Спортските сали се идеална средина за размножување на бактерии. Ако вежбате дома значи дека нема да ја користите опремата на која претходно вежбале 20 други лица.

Во продолжение ви предлагаме неколку вежби кои можете да ги правите во вашиот дом.