×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




4 најчести прашања и одговори поврзани со вегетаријанството

4 најчести прашања и одговори поврзани со вегетаријанството

Вегетаријанството е поврзано со природата. Свеж зеленчук и овошје, вода, сирови јатки, сирови семки, целозрнести житарки, мешунки (легуменози), понекогаш јајца, риба е главното мени до кое треба да се држиме секојдневно доколку сакаме здраво да се храниме. Во продолжение Цвета Динева, нутриционист ни дава одговор на најчестите прашања поврзани со овој тип на исхрана.

1. Дали вегетаријанската храна е исклучително здрава?

Дали сето она што не е храна од животинско потекло е здраво како слатките, кондиторските производи, грицките, бели пецива, лиснати теста (кроасани), грицки како чипсови, смоки, грисини, сокови газирни, џусеви, ладните чаеви, енергетски пијалоци, кафиња… Од оваа гледна точка се доаѓа до заклучок дека вегетаријанците кои ги практикуваат гореспоменатите артикли се исхрануваат комплетно нездраво. Тие со конзумирање на овие производи во секојдневието придонесуваат кон сопствено самоуништување. Зошто?

Шеќерот, белото брашно, препржените масла, трансмастите (маргаринот), млекото, многу сол, се доминантни состојки во овие продукти, а сепак се вегетаријанска храна. Токму овие состојки во храната се најголемите причинители за зголемен број на болни од дијабет, зголемени маснотии во крвта, замастен црн дроб, висок притисок, инфаркти, мозочни удари, дегенеративни заболувања како Паркинсонова болест, Алцхајмер, зголемен број на автоимуни болести како мултиплекс склероза, реуматоиден артрит, лупус…

Тие јадат највеќе процесуирана храна, таканаречена мртва храна. Каде се тука ензимите, каде се тука витамините, минералите, каде е тука добрата PH рамнотежа? Каде се тука добрите маснотии, како ќе се добијат добри аминокиселини (протеин) и каде се тука дефицитарните растителни влакна?

2. Дали со отстранување на храна од животинско потекло стануваме вегетаријанци?

И покрај отстранување на храната од животинско потекло, и со преминување на горенаведениот начин на вегетаријанска исхрана за жал –ништо не сме постигнале во однос на сопственото здравје. Можеби само е постигнат етичкиот момент а тоа е да не се убиваат животните.

Вистинското вегетаријанство е тесно поврзано со она што ни го дава Мајка Природа-што ни го дал Бог : вода, свежо овошје, свеж зеленчук, сирови јатки, сирови семки, целозрнести житарки, мешунки (легуменози), понекогаш јајца, риба.

Значителен развој на вегетаријанството започнува во Англија во 18 век. Од тогаш масовно се шири вегетаријанството по целиот свет. Процентот на вегетаријанците од ден на ден се повеќе се зголемува. Се смета во САД дека има повеќе од 5% вегетаријанци, а тоа би било бројка повеќе од 15 милиони жители на САД.

3. Колку видови на вегетаријанство постојат?

Постојат различни видови на вегетаријанство, но јас ќе се задржам на оние најосновните.

Вегани – се вистински вегетаријанци кои ја исклучуваат комплетно храната од животинско потекло: месо, месни преработки, млеко, млечни преработки, јајца, риба, морски плодови. Тие не носат ниту облека, чевли, аксесоари, од животинско потекло.

Лакто вегетаријанци – Овие вегетаријанци покрај храната од растително потекло конзумираат и млеко и млечни производи: сирење, кашкавали, павлаки, хопли, слатки на база млеко.

Ово-лакто вегетаријанци – Покрај храната од растително потекло тие конзумираат јајца и млеко и млечни производи.

Песко вегетаријанци – Ова е сега за сега мојот избор за најприлагодлив и најздрав начин на исхрана во услови и начин на кој живееме. Овој тип на вегетаријанство вклучува риба и морски плодови а исклучува внесување на сите други видови живина.

Квази вегетаријанци – Овој тип на вегетаријанци покрај рибата и млечните призводи во своето мени додаваат и пилешко месо, покрај растителната храна.

Сакам да ги споменам и другите кои се малку порадикални во вегетаријанството како:

Сурови вегани – Тоа се вегани кои јадат исклучиво сирова храна-термички необработена.

Фрутаријанци – Ова се вегетаријанци кои јадат само овошни плодови, семки и јатки. Овој начин на исхрана за мене е екстремно радикален и не би го прифатила, а не ја гледам и целта на сето ова.

Радикални фрутаријанци – Ова ми е комплетно неприемчив начин на исхрана – да се јадат само оние овошја и јатки, семки кои паднале на земјата.

Сакам да напоменам дека покрај гореспоменатите видови вегетаријанство постојат секако и други, но јас би сакала накусо да спомнам за:

Макробиотиката – Овој тип на вегетаријанство има стари корени од далечниот исток, тоа е цела филозофија на живеење.

4. Кои познати личности се вегетаријанци?

Во историјата и сега има многу значајни личности кои во одредена возраст од својот живот се одлучиле да станат вегетаријанци. Сакам да набројам некои од нив:

Старогрчките филозофи: Питагора, Аристотел, Платон, Сократ, Ајнштајн, Да Винчи, Никола Тесла, Царлс Дарвин, Нјутон, Ганди, Кафка, Толстој…

Од глумците и пеачи – вегетаријанци кои ни се добро познати се: Бред Пит, Ричард Гир, Дастин Хофман, Ким Бесинџер, Пенелопе Круз, Мадона, Пол Макартни, Бос Горг…

Најпознати светски имиња во спортот кои биле вегетаријанци се: Денис Родман, Карл Луис, Јонс Најсмилер, Мартина Навратилова, Мајк Тајсон…

Многу интересен е фактот дека гладијаторите кои се бореле во арените и со лавови (2.и 3. век пред Христа) биле типични вегетаријанци. Научници од виенскиот медицински универзитет во соработка со институтот за форензика медицина во Берн откриваат дека гладијаторите се хранеле со намирници од ратително потекло-овошје, зеленчук, житарки. Овие факти секако одат во прилог на оние кои го практикуаат вегетаријанството.

Леонардо Да Винчи гение, уметник,научник: Ќе дојде време кога луѓето на убивање на животните ќе гледаат како на убивање на луѓето.

Томас Едисон  изумител на сијалицата, грамофонот, микрофонот: Јас сум вегетаријанец бидејки така можам максимално да го користам својот мозок.

Бернард Схо добитник на Нобелова награда: Животните се мои пријатели, а јас своите пријатели не ги јадам.

Јас им верувам и ете како што кажав полека но сигурно го трасирам патот кон вегетаријанството без месо, и вегетаријанство во кое изобилно се присутни водата, овошјето, зеленчукот.