×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Симптоми на менопуза – последица од третманот на канцер на дојка

Симптоми на менопуза – последица од третманот на канцер на дојка

Во одреден период од животот, јајчниците престануваат да произведуваат јајце клетки и со тоа опаѓа нивото на хормоните естроген и прогестерон. Овој процес се нарекува перименопауза. Кај поголем број жени, менопаузата започнува околу 51-та година од животот. Покрај природниот процес, менопузата може да биде последица на хемотерапија и хормонска терапија, како дел од третманот на канцер на дојка. Според статистиката околу 70 % од жените со канцер на дојка се соочуваат со симптоми на менопауза.

Поинтензивни симптоми

Третманот на канцер на дојка се состои во намалување и блокирање на нивото на хормонот естроген, што резултира со симптоми на менопауза. Како последица на ова, доаѓа до поголем пад на нивото на хормонот естроген, во период на неколку дена или недели, што резултира со поизразени симптоми.

Најчести симптоми на менопуза се следниве:

Топлотни бранови и ноќно потење: Интензитетот на топлотни бранови може да варира од неколку на ден до неколку на час. Тие може да се манифестираат како чувство на топлина на лицето или како бранови на топлина по целото тело. Многу жени покрај топлотните бранови се соочуваат и со зголемено потење во текот на ноќта.

Стрес, анксиозност и промени во расположението: Жените со канцер на дојка, нормално е да бидат вознемирени од дијагнозата. Но анксиозноста, стресот и промените во расположението може да бидат поинтензивни како последица на менопузата.

Интимност и секс: Менопузата доведува и до намалено либидо, што може да влијае на односите со партнерот и воопшто на сексуалниот живот.

Проблеми со мочниот меур: Некои жени се соочуваат со проблеми со мочниот меур како што е инконтиненција, почесто уринириње како и развој на инфекции за време на менопауза.

Болки во зглобовите и ризик од остеопороза: Болки во зглобовите е еден од симптомите на менопауза, но исто така може да се јават и како несакан ефект од третманот на канцер на дојка. Ниското ниво на естроген, го зголемува ризикот од остеопороза. Коските стануваат послаби и кршливи при најмал удар или пад.

Како да се заштитите?

Постојат повеќе начини да се контролираат симптомите на менопауза. Промени во начинот на живеење (исхрана, вежбање, престанок со пушење, емоционална поддршка) може да бидат важни и ефикасни за да се чувствувате подобро и да имате квалитетен живот.

Comfort + за нови победи

Доколку се соочувате со топлотни бранови, одберете ги протезите од линијата комфор плус, кои се изработени со специјална технологија за контрола на температурата. Овој производ ќе ви овозможи удобност и пријатност додека се соочувате со симптомите од менопауза.