


Собната инвалидска количка со тоалет е идеално решение за домашна нега, обезбедувајќи сигурност и удобност за корисникот. Со својата стабилна и издржлива рамка, оваа количка нуди поддршка при движење и користење на тоалет.
Вградената пластична кофичка овозможува хигиенска и практична употреба, лесно се отстранува и чисти, што ја прави секојдневната нега поедноставна.
Спецификации:
Системски атрофии што примарно го зафаќаат централниот нервен систем (G10-G13);
Екстрапирмидални заболувања и заболувања на движењето (G20-G26);
Други дегенеративни болести на нервниот систем (G30-G32);
Демиелинизирачки болести на централниот нервен систем (G35-G37);
Полиневропатии и други заболувања на периферен нервен систем (G60-G64);
Болести на мионевралната спојака на мускул (G71-G72);
Хемиплегија G81(G81.0-G81.9);
Параплегија и тетраплегија G82 (G82.0-G82.5);
Секвели од цереброваскуларна болест I69 (I69.0-I69.8);
Стекнат недостиг на долен екстремитет Z89 (Z89.5-Z89.8);
Присуство на ортопедски зглобни имплантанти на нога Z96.6;
Секвели од повреди на долен екстремитет (T93.2; T93.6;T93.9);
Секвели од изгореници,корозии и смрзнатини (Т95.3 и Т95.9);
Воспалителни полиартропатии (M05 ; M06; M07; M08 ; M10);
Полиартроза неозначено M15.9;
Системски заболувања на сврзното ткиво (M30-M36);
Секвели од полиомиелит B91.
Правото на инвалидска количка се утврдува врз основа на потврда потпишана од двајца специјалисти, од кои едниот со специјалност по физијатрија или ортопедија, другиот со специјалност по физијатрија, ортопедија, неврологија, невропсихијатрија или хирургија, а го потврдува со наод мислење лекарската комисија на Фондот.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies). Прочитај повеќе
Се согласувам