×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Ефектот од третманите се одрази на мојот следен натпревар, каде што постигнав значително подобар резултат. - Софиа Дамјанова

Ефектот од третманите се одрази на мојот следен натпревар, каде што постигнав значително подобар резултат. - Софиа Дамјанова

Секој спортист има своја приказна, своја инспирација и своја страст која го води кон успехот. Јас сум Софиа Дамјанова, имам 17 години и веќе девет години активно се занимавам со пливање. Мојата љубов кон спортот започна уште од најмала возраст кога посетував гимнастика, модерен балет, музичко училиште и многу други активности. Но, клучниот момент во мојот живот беше одлуката на моите родители да ме запишат на пливање, не само за да научам како да пливам, туку и заради правилниот развој на моето тело.

Уште од првиот допир со водата, почувствував дека таа е мојата природна средина. Слободата на движење, предизвикот на натпреварите и поместувањето на сопствените граници ме мотивираа да се посветам целосно на овој спорт. Со текот на времето, пливањето стана повеќе од обична активност – тоа е моја страст која ме научи на дисциплина, издржливост и посветеност.

Последните четири години, пливањето за мене не е само рекреација, туку професионален ангажман кој бара многу труд и вложување. Како член на ПК Вардар 2018, под водство на мојот тренер Горан Стаменов, секојдневно поминувам низ интензивни тренинзи кои го тестираат мојот физички и ментален капацитет. Со зголемениот интензитет на тренинзите, мускулниот замор стана дел од моето секојдневие, а со тоа се јави и потребата за правилна релаксација и регенерација на телото.

Така започнав да истражувам начини како да го одржувам балансот помеѓу напорот и закрепнувањето. Преку социјалните мрежи дознав за Медикус Плус – центар кој нуди врвни третмани за спортисти. Видов бројни позитивни искуства од луѓе кои водат активен живот, а тоа ме мотивираше и самата да испробам еден од нивните третмани.

По масажата кај Саше во Медикус Плус, почувствував како телото ми се ослободува од напнатоста, заморот исчезна, а енергијата ми се врати. Благодарение на стручноста и професионалниот пристап на тимот, постигнав подобар баланс помеѓу интензивните тренинзи и брзото закрепнување. Тоа веднаш се одрази и на мојот следен натпревар, каде што постигнав значително подобар резултат.

На сите млади спортисти би им препорачала дека напорните тренинзи се клучни но без правилна грижа за сопственото тело резултатите се краткотрајни а ризикот од повреди е голем. Редовните спортски масажи и терапии за релаксација се задолжителен дел од интензивното спортување. Медикус Плус овозможува врвни услуги за подготовка за следниот тренинг или пак натпревар. Колку подобро се грижите за своето тело толку подобро ќе можете да ги остварувате своите цели.