×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Трамболина во третман на лимфедемата

Трамболина во третман на лимфедемата

Вежбањето може да помогне во превенција и контрола на лимфедемата, а од неодамна се препорачува како третнинг да се користи трамболината. Некои експерти тврдат дека скокањето е единствена вежба која може вертикално да ја придвижи лимфната течност, со ритмичкото движење и гравитационата сила.

Скокни и забавувај се

За да вежбате на трамболина, не морате да посетувате фитнес центри. Достапни се мини трамболини кои се дизајнирани за вежбање дома. Скокањето на трамболина е едноставно и забавно, а во исто време го вежбате целото тело.

Како функционира лимфниот систем?

Лимфниот систем е дел од циркулаторниот систем, кој преку мрежа од сопствени садови, ја носи течноста од ткивата до лимфните јазли. Лимфната течност е многу слична со крвната плазма и содржи бели крвни клетки (лимфоцити), отпадни материии клеточни остатоци заедно со протеини и бактерии. Главната разлика помеѓу кардиоваскуларниот и лимфниот систем е тоа што лимфниот систем не го користи срцето за придвижување на лимфата. Затоа движењето на лимфата е поспоро и нема притисок. Лимфната циркулација може да се стимулира со рачна дренажа (масажа), контракција на мускулите и аеробни вежби. Одење, танцување, пливање, планинарење, пилатес се здрави опции. Но според последните истражувања, ритмичкото скокање овозможува залистоците во лимфниот систем да се отвараат и затвораат синхронизирано, и затоа значително го зголемува прoтокот на лимфата.

Сепак пред да почнете со вежбање треба да се консултирате со својот лекар. Исто така се препорачува додека вежбате да ја носите и компресијата.

Предностите од римичкото скокање на трамболина се следниве:

  • Телото се чисти од токсини
  • Се зајакнува инмунолошкиот систем
  • Се заштитуваат зглобовите од повреди
  • Се подобрува балансот и координацијата
  • Срцето работи поефикасно
  • Скокањето е забавен тренинг

Вежбајте и потете се без да ги повредите зглобовите – и повторно почуствувајте се како дете.
Звучи примамливо и затоа треба да се обидете!