×

Cart

Your cart is empty.




Трамболина во третман на лимфедемата

Трамболина во третман на лимфедемата

Вежбањето може да помогне во превенција и контрола на лимфедемата, а од неодамна се препорачува како третнинг да се користи трамболината. Некои експерти тврдат дека скокањето е единствена вежба која може вертикално да ја придвижи лимфната течност, со ритмичкото движење и гравитационата сила.

Скокни и забавувај се

За да вежбате на трамболина, не морате да посетувате фитнес центри. Во специјализираните продавници на Медикус хелп, достапни се висококвалитетни мини трамболини кои се дизајнирани за вежбање дома. Скокањето на трамболина е едноставно и забавно, а во исто време го вежбате целото тело.

Како функционира лимфниот систем?

Лимфниот систем е дел од циркулаторниот систем, кој преку мрежа од сопствени садови, ја носи течноста од ткивата до лимфните јазли. Лимфната течност е многу слична со крвната плазма, и содржи бели крвни клетки (лимфоцити), отпадни материии клеточни остатоци заедно со протеини и бактерии. Главната разлика помеѓу кардиоваскуларниот и лимфниот систем е тоа што лимфниот систем не го користи срцето за придвижување на лимфата. Затоа движењето на лимфата е поспоро и нема притисок. Лимфната циркулација може да се стимулира со рачна дренажа (масажа), контракција на мускулите и аеробни вежби. Одење, танцување, пливање, планинарење, пилатес се здрави опции. Но според последните истражувања, ритмичкото скокање овозможува залистоците во лимфниот систем да се отвараат и затвораат синхронизирано, и затоа значително го зголемува прoтокот на лимфата.

Сепак пред да почнете со вежбање треба да се консултирате со својот лекар. Исто така се препорачува додека вежбате да ја носите и компресијата.

Предностите од римичкото скокање на трамболина се следниве:

  • Телото се чисти од токсини
  • Се зајакнува инмунолошкиот систем
  • Се заштитуваат зглобовите од повреди
  • Се подобрува балансот и координацијата
  • Срцето работи поефикасно
  • Скокањето е забавен тренинг

Вежбајте и потете се без да ги повредите зглобовите – и повторно почуствувајте се како дете.
Звучи примамливо, и затоа треба да се обидете!

trambolina 1