Колку се корисни стегачите за колено?
Повредите на коленото се голем проблем во спортот низ целиот свет. Не само што страдаат мускулите, тетивите, коската и `рскавицата на коленото, туку спортистите остануваат надвор од терените подолг временски период. Затоа спортистите кои сакаат да ја превенираат повредата на коленото без да го ограничат движењето, тогаш стегачите се најдобар избор.
Што се стегачи за колено?
Стегачите за колено, обезбедуваат поддршка на коленото, но не го ограничуваат движењето. Тие се дизајнирани да го заштитат коленото од идна повреда или од понатамошно негово оштетување. Ова е особено важно за спортисти чии колена се под притисок при активност како трчање, скокање или кревање тегови. Изработени се од висококвалитетни еластични материјали со специфично ткаење, кои овозможуваат терапевтски ефект и целна поддршка на специфичните мускули, лигаментите или зглобовите. Има различни видови во зависност од степенот на компресија и други дополнителни компонентни специфични за одреден тип на повреди.
Кога треба да ги користите стегачите за колено?
Стегачите за колено не треба да се носат постојано, туку за време на вежбање. Се препорачува да се користат при трчање, скокање, или дигање на тежина со нозете, со што се заштитува коленото од евентуални повреди. Исто така се препорачува да се користи како превенција од понатамошна повторна повреда на коленото, при истегнување, слабост во коленото и лесни повреди. Корисни се за подршка на коленото кај лица кои имаат артритис.
Во продолжение ви ги преставуваме топ 5 стегачи за колено:

1. Стегач E + motion Genumedi
Иновативната техника на ткаење со силиконски влакна дава масажен ефект и подобро држење. Силиконскиот прстен е изработен во 3D профил дава целосна поддршка на пателата (чашката), што го прави овој производ удобен и безбеден особено при спортски активности. Има масажен ефект кој ја подобрува циркулацијата и намалува отоци, болки и иритација на коленото. Поддршката е најизразена при физички активности, а се препорачува да не се носи при подолготрајно седење, спиење или возење.

2. Еластичен стегач Oppo – Nano
Изработен според Nano технологија на ткаење и се одликува со четири насоки на истегнување за супериорна заштита на зглобовите. Стегачот не се поместува ни кога зглобот се витка, туку се движи и растегнува согласно мускулот. Овозможува цврста поддршка и нежна компресија на колената. Помага во ублажување на болката која е последица на повреди.

3. Еластичен стегач OPPO
Изработен од материјали кои даваат цврста поддршка и нежна компресија на коленото при движење, без притоа да ги ограничат движењата на мускулите и зглобот. Едноставен е за навлекување и пријатен за носење, помага во побрзо заздравување при полесни повреди и истегнувања, како и при артритис.

4. Елстичен стегач со отвор OPPO
Овој тип на стегач е изработен од комбинација на повеќе материјали кои даваат цврста поддршка и нежна компресија на коленото при движење. Отворот за пателата (чашката) ја фиксира нејзината позиција давајќи му стабилност на коленото, без притоа да ги ограничи движењата на мускулите и зглобот. Едноставен за навлекување и пријатен за носење, помага во побрзо заздравување при полесни повреди и истегнувања, како и при артритис.

5. Држач за (скокачко) колено со силиконско перниче
Држач со специјално обликувано силиконско перниче врз пателата кој се прицврстува со леплива лента, што овозможува правилно позиционирање на силиконскиот дел врз пателата, како и прилагодување на затегнатоста на држачот според потребите на пациентот. Со користењето на овој држач се минимизира можноста за идни повреди на коленото.