×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Зошто ви отекуваат нозете додека патувате?

Зошто ви отекуваат нозете додека патувате?

Долгите периоди на седење при патување може да доведат до отекување на нозете и глуждовите. Отокот се јавува како резултат на задржување на крвта во долните екстремитети со што се прави поголем притисок врз вените.

Првитe симптоми се:

  • Болка
  • Напнатост во мускулите
  • Нозете се осетливи на допир
  • Површината на кожата може биде потопла и осетлива при допир.

Постојаната болка во нозете, за време на подолги патувања, може да биде и предупредување дека потенцијално сте ризични да развиете длабока венска тромбоза. Болката која е концентрирана во едната нога и која трае по завршување на патувањето е повик дека треба да превземете нешто.


Ризик фактори
Долгиот период на неактивност е една од причините за развој на длабока венска тромбоза. Но исто така постојат и други фактори кои го зголемуваат ризикот:

  • Доколку во семејството повеќе членови имаат проблеми со нарушена циркулација на крвта
  • Дебелина
  • Проблеми со проширени вени
  • Ризикот од длабока венска тромбоза се зголемува и со возраста



Kако да си помогнете?
За време на долгите патувања со автомобил, авион или автобус потребно е да се движите, доколку условите ви го овозможуваат тоа. Исто така се препорачуваат и специјални компресивни чорапи, кои се дизајнирани да притискаат на глуждовите и на тој начин помагаат крвта од нозете да се врати назад кон срцето. Со тоа се намалуваат отокот и болката во нозете, но во исто време ве штитат од појава на длабока венска тромбоза.