Жени борци, вие сте нашата инспирација!
Оваа година решивме розовиот месец да трае повеќе од 30 дена, па затоа кампањата за Розовиот октомври ја започнавме петнаесетина дена порано. Нашата порака која сакаме да стигне до секоја жена е следнава:
„Секој ден од годината треба да е розов и секој ден треба да го посветуваме на своето здравје“.
Овој розов октомври тимот на Медикус Хелп даде безрезервна поддршка до секоја жена борец. Жените медикусовки испратија гласни пораки до секоја жена херој, порачувајќи им дека ниту една од нив не е сама. Стоиме заедно со вас во битката која значи живот.
Розовиот октомври е тука за да не потсети дека животот е битка која сите ја заслужуваат да ја добијат, а ние стоиме заедно во таа борба!
01.10.2024
Почетокот на месец октомври го започнавме со поддршка и присуство на мотивациската трибината на Ана Дорник. Жена која го поминала овој трнлив пат, се изборила со оваа болест и сега има за цел да го мотивира сите жени да се борат за својот живот.
Настанот се одржа во просториите на City mall каде присуствуваа жени гостинки од цела Македонија.
05.10.2024
На 5 октомври во Градскиот парк во Скопје се одржа Розовиот Пикник кој го организираше нашата компанија заедно со здружението ЕЗРА. Настан кој имаше за цел да ги обедини сите жени борци од цела Македонија. Денот беше исполнет со дружење, споделување искуства, насмевки и многу радост.
На розовиот пикник гостуваше Маја Трајковиќ, жена – писателка – херојка, која со нејзината инспиративна приказна за патот од темнината кон светлината допре многумина од нас.
Организиравме розов пилатес час, кој го одржа нашата професионална пилатес инструкторка Кети фит. Овој час беше идеален за оние кои ја поминале низ оваа битка и имаат потреба да ја вратат подвижноста со лесни и контролирани вежби.
Атмосферата ја подигнавме со помош на хип хоп студиото AQUA DANCE CLUB. Екипа која беше составена од возрасна група на жени кои обединети преку игра и музика, испратија силна и гласна порака до сите нас.
На розовиот пикник гостинка ни беше и младата и талентирана Лара Иванова која ја подигна атмосферата со нејзиниот ангелски глас. Таа заедно со македонското радио Urban Fm, ни ја обезбедија медиумската поддшка за нашиот Розов пикник.
Посветивме посебно внимание на здравјето и едукација на жените кои ни гостуваа. За нив подготвиме консултативен корнер на кој тие можеа да се информираат за прашања поврзани со лимфедемата и како таа се третира. Тимот на Медикус плус ги едуцираше сите заинтересирани жени и им даде препораки за понатаможен третман.
Пикник не би бил пикник доколку нема забавни игри и здрави ужинки.
Забавните игри беа местото на Розовиот Пикник каде што сите жени борци и нивните пријателки, сестри, мајки и ќерки се забавуваа. Се потсетивме на едни убави времиња кога игравме ластик, скокавме на јаже и игравме друштвени игри во нашето маало.
И најгласниот дел од пикникот како и секогаш беше резервиран за најмладите. За нив подготвивме детско катче за игра и забава, каде што можеа да се натпреваруваат и уживаат во безброј моменти на радост и смеа!
Настанот го завршивме со забавна лотарија на која учествуваа сите присутни жени. Се надградувавме, фотографиравме и славевме.
Ви благодариме на сите кои бевте дел од овогодишниот родов пикник. Тимот на Медикус Хелп Ви Ветува дека ова дружење ќе премине во традиција исполнета со убава дружба и љубов.
14.10.2024
Уште една прекрасна кампања го обои овој месец во розова боја „Check your boobs“. Оваа кампања има за цел да го продолжи она што Марија Бунда Калпак го започна.
🩷 Марија остана запаметена не само по нејзината стручност, туку и по нејзината насмевка, позитивна енергија и неверојатен дух што им даваше сила и инспирација на многумина да се соочат со животните предизвици.
🫂 Сега е време да го продолжиме она што таа го започна. Да собереме средства за да обезбедиме помагала и перики за пациентите на онкологија.
15.10.2024
Медикус Хелп беше дел од донаторскиот настан „Со помагала да помагаме,“ организиран од здружението ПАЛИУМ во поддршка на палијативните пациенти и нивните семејства. Овој настан посвети посебно внимание на онколошките пациенти и важноста од квалитетна грижа за нив во палијативниот период.
19.10.2024
Овој октомври бевме дел од Розовиот појадок организиран од страна на здруженијата Хема – онко и Пеперутки. Уште една убава сабота беше обоена во розова боја! Бевме дел од убава дружба исполнета со многу љубов и насмевки.
22.10.2024
Дополнително бевме гости и поддржувачи на розовиот појадок кој се одржа на клиниката за онкологија, а беше организиран од страна на здруженијата Хема-онко и Пеперутки. Ги посетивме сите жени кои во моментов се наоѓаат на клиникита и успеавме да им го обоиме овој ден во розова боја.
27.10.2024
Последниот викенд на овој месец бевме дел од настанот насловен ”Розово кафе” кој беше организиран од здружението “Љубов сме”. Дружба која ќе остане запаметена по многу позитивна енергија, одлична забава и споделена љубов. Прекрасни жени, собрани на едно место.
29.10.2024
Трибината во Велес, одржана на самиот крај на розовиот месец, беше посветена на подигнување на свеста за редовни самопрегледи и значењето на учеството во Скрининг програмата. Овој настан беше насочен кон охрабрување на велешанки да ги искористат термините од прегледите, бидејќи раното откривање е клучно за успешно справување со болеста.
Најважната порака што треба да ја испратиме до секоја жена е дека грижата за здравјето не се ограничува само на октомври. Секој ден од годината е важен за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Раната дијагноза е најдобрата превенција за рак на дојка – затоа редовните прегледи и самопрегледите се неопходни за секоја жена.
Жени борци, вие сте нашата инспирација!