×

Cart

Your cart is empty.




Розов Октомври

Розов Октомври

Оваа година решивме розовиот месец да трае повеќе од 30 дена, а целта ни е да испратиме порака до секоја жена: „Секој ден од годината треба да е розов и секој ден треба да го посветуваме на своето здравје“. Овој розов октомври тимот на Медикус Хелп даде безрезервна поддршка до секоја жена борец. Жените медикусовки испратија гласни пораки до секоја жена борец, порачувајќи им дека ниту една од нив не е сама. Стоиме заедно со вас во битката која значи живот.

Розовиот октомври е тука за да не потсети дека животот е битка која сите ја заслужуваат да ја добијат, а ние стоиме заедно во таа борба!

01.10.2024

Почетокот на месец октомври го започнавме со поддршка и присуство на мотивациската трибината на Ана Дорник. Жена која го поминала овој трнлив пат, се изборила со оваа болест и сега има за цел да го мотивира сите жени да се борат за својот живот, бидејќи таа битка ќе им го спаси нивниот живот.

Настанот се одржа во просториите на City mall каде присуствуваа жени гостинки од цела Македонија.


05.10.2024

На 5 октомври во Градскиот парк во Скопје го одржавме Розовиот Пикник – настан кој ги обедини сите жени борци од цела Македонија. Денот беше исполнет со дружење, споделување искуства, насмевки и многу радост.

Слика од поканата

На розовиот пикник гостуваше Маја Трајковиќ, жена – писателка – херојка, која со нејзината инспиративна приказна за патот од темнината кон светлината допре многумина од нас.

Слики од Маја Трајковиќ

Организиравме розов пилатес час, кој го одржа нашата професионална пилатес инструкторка Кети фит. Овој час беше идеален за оние кои ја поминале низ оваа битка и имаат потреба да ја вратат подвижноста со лесни и контролирани вежби.

Слики од пилатес часот на Кети фит

Атмосферата ја подигнавме со помош на хип хоп студиото AQUA DANCE CLUB. Екипа која беше составена од возрасна група на жени кои обединети преку игра и музика, испратија силна и гласна порака до сите нас.

Слики од играњето

На розовиот пикник гостинка ни беше и младата и талентирана Лара Иванова која ја подигна атмосферата со нејзиниот ангелски глас. Таа заедно со македонското радио Urban Fm, ни ја обезбедија медиумската поддшка за нашиот Розов пикник.

Слики од Лара

Посветивме посебно внимание на здравјето и едукација на жените кои ни гостуваа. За нив подготвиме консултативен корнер на кој тие можеа да се информираат за прашања поврзани со лимфедемата и како таа се третира.

Слики од консултацијата

Пикник не би бил пикник доколку нема забавни игри и здрави ужинки.

Забавните игри беа местото на Розовиот Пикник каде што сите жени борци и нивните пријателки, сестри, мајки и ќерки се забавуваа.

Се потсетивме на едни убави времиња кога игравме ластик, скокавме на јаже и игравме друштвени игри во нашето маало.

Слики од ластик и јаже

И најгласниот дел од пикникот како и секогаш беше резервиран за најмладите. За нив подготвивме детско катче за игра и забава, каде што можеа да се натпреваруваат и уживаат во безброј моменти на радост и смеа!

Слики од детско катче

Настанот го завршивме со забавна лотарија на која учествуваа сите присутни жени. Се надградувавме, фотографиравме и славевме.

Слики од Лотарија

Ви благодариме на сите кои бевте дел од овогодишниот родов пикник. Тимот на Медикус Хелп Ви Ветува дека ова дружење ќе премине во традиција исполнета со убава дружба и љубов.

Слика од сите заедно

14.10.2024

Уште една прекрасна кампања го обои овој месец во розова боја „Check your boobs“. Оваа кампања има за цел да го продолжи она што Марија го започна.

Да продолжиме таму каде што застана младата докторка Марија Бунда Калпак, која отворено ја споделуваше својата приказна со цел да ја подигне свесноста за карциномот на дојка.

🩷 Марија остана запаметена не само по нејзината стручност, туку и по нејзината насмевка, позитивна енергија и неверојатен дух што им даваше сила и инспирација на многумина да се соочат со животните предизвици.

Сликата за пост од кампањата

15.10.2024

Медикус Хелп беше дел од донаторскиот настан „Со помагала да помагаме,“ организиран од здружението ПАЛИУМ во поддршка на палијативните пациенти и нивните семејства. Овој настан посвети посебно внимание на онколошките пациенти и важноста од квалитетна грижа за нив во палијативниот период.

19.10.2024

Овој октомври бевме дел од Розовиот појадок организиран од страна на здружениот Хема – онко. Уште една убава сабота беше обоена во розова боја! Бевме дел од убава дружба исполнета со многу љубов и насмевки.

22.10.2024

Дополнително бевме гости и поддржувачи на розовиот појадок кој се одржа на клиниката за онкологија, а беше организиран од страна на Здружението Хема-онко. Ги посетивме сите жени кои во моментов се наоѓаат на клиникита и успеавме да им го обоиме овој ден во розова боја.

Слики од настанот.

27.10.2024

Последниот викенд на овој месец бевме дел од настанот насловен ”Розово кафе” кој беше организиран од здружението “Љубов сме”. Дружба која ќе остане запаметена по многу позитивна енергија, одлична забава и споделена љубов. Прекрасни жени, собрани на едно место.

29.10.2024

Трибината во Велес, одржана на самиот крај на розовиот месец, беше посветена на подигнување на свеста за редовни самопрегледи и значењето на учеството во Скрининг програмата. Овој настан беше насочен кон охрабрување на велешанки да ги искористат термините од прегледите, бидејќи раното откривање е клучно за успешно справување со болеста.

Најважната порака што треба да ја испратиме до секоја жена е дека грижата за здравјето не се ограничува само на октомври. Секој ден од годината е важен за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Раната дијагноза е најдобрата превенција за рак на дојка – затоа редовните прегледи и самопрегледите се неопходни за секоја жена.