×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Бандажирањето со тејп и притејп е една од најефикасните техники за превенција од повреди

Бандажирањето со тејп и притејп е една од најефикасните техники за превенција од повреди

Бандажирањето со тејп и притејп(врап) една од најефикасните техники за превенција од повреди која ја користат сите професионални спортисти. Ова е техника која се користи за поддршка и стабилизација на зглобовите на телото.

При аплицирање прво се поставува притејпот (врап) кој е во форма на сунѓереста лента која обезбедува заштитна бариера помеѓу кожата и самолепливата лента тејп. Потоа се аплицира тејпот кој всушност е самолеплива лента која обезбедува цврста поддршка и компресија на зглобот. Бандажирањето помага за стабилизација на зглобот и превенција од повторна повреда.

Оваа техника има повеќе бенефити:

  • Најосновен бенефит кој го придонесува оваа техника е превенцијата од повреда. Бандажирањето не го ограничува движењето на зглобот, но му дава одлична поддршка при нагли движења.
  • Оваа техника може да помогне за намалување на болката после одредени повреди. Тејпот и притејпот го стабилизираат зглобот кој е повреден и на тој начин ја спречуваат болката.
  • Бандажирањето ја подобрува функцијата на мускулите. Ова е посебно важно во периодот на рехабилитација после повреда. Во овој процес тејпот му дава голема поддршка на мускулот за побрзо регенерирање.
  • Аплицирањето на тејп и притејп спречува повторни повреди. Честопати одредена повреда (на зглоб или лигамент) може да се повтори и по неколку пати. Ова се случува доколку во процесот на закрепнување зглобот не бил имобилизиран со одреден тип на помагало. 
  • Оваа техника дополнително помага за подобра психолошка сигурност во движењето. Ваков тип на поддршка е потребен после повреда или траума на скочниот зглоб.
  • Бандажирањето превенира од повреда или истегнување на лигаменти. Овој тип на повреда најчесто е многу болен, а процесот на рехабилитација трае долго време. Токму затоа спортистите и останатите лица кои се секојдневно активни ја користат оваа техника со цел да превенираат ваква повреда.