Степер – фитнес справа за секоја возраст
Доколку сте во потрага по справа која ефикасно ги активира сите делови на вашето тело, степерот е вашиот идеален избор. Оваа справа не само што ќе ги зголеми вашите физички способности туку и ќе ви обезбеди забавен и предизвикувачки тренинг.
Зошто е добро да користиме степер за вежбање?
- Степерот го подобрува кардиоваскуларниот систем. Вежбите ја подобруваат срцевата и респираторната функција. Со редовно вежбање на степер, ќе ја зголемите издржливоста на вашиот кардиоваскуларен систем и ќе го намалите ризикот од срцеви болести.
- Оваа справа ги активира мускулите на целото тело (абдоминалните мускули, мускулите на долните екстремитети и мускулите на постурата на телото). Дополнително користењето на оваа справа помага за тонирање на телото.
- Го подобрува балансот и координацијата на телото. Степерот помага за синхронизација на различни делови на телото со што ја зајакнува мускулатурата и го подобрува балансот. Ова е особено важно за повозрасните корисници кои имаат проблем со координација и баланс.
Кој може да го користи?
Оваа справа може да ја користат лица од секоја возраст. Апсолутно нема никакво возрасно ограничување.

Со степерот може да вежбаат најмладите. Тие може да направат повеќе варијации на вежби (пилатес вежби, степ аеробик и аеробик). Со овие вежби тие ќе го подобрат држењето на телото и ќе ја зајакнат мускулатурата на постурата и нозете.
Повозрасните може да го користат степерот со цел да ја одржат оптималноста на телото. Оваа фитнес справа ја подобрува срцевата функција и мускулниот тонус на телото, што е од особена важност за општата здравствена состојба.
Степерот е идеален и за трудници. Вежбите на степер можат да бидат безбеден и ефикасен начин за поддршка на физичката активност за трудниците. Пред да започнете со вежби консултирајте се со вашиот гинеколог. Внимавајте на интензитетот на вежбите и задолжително вметнете пауза после секоја сесија.
Степерот е благопријатна справа и за највозрасната старосна група. Вежбите им го намалуваат ризикот од повреди и им ја подобруваат координацијата. Тие може да го вклучат степерот во својата дневна рутина за комплетна поддршка на целото тело.
Вежбите со степерот се забавни и предизвикувачки, истиот има неколку нивоа на висина кои ги адаптирате според сопствените можности. Горниот дел е изработен од нелизгачка површина која намалува ризик од повреди. Оваа фитнес справа е идеална за секој кој бара здрав и активен начин на живот.