×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Подгответе сé за возбудливи патеки

Подгответе сé за возбудливи патеки

Планинарењето е одличен начин за рекреација. Покрај тоа престојот на свеж воздух, искачување и спуштање по нерамен терен ги зајакнува мускулите, ја подобрува рамнотежата и стабилноста, го зголемува капацитетот на белите дробови, го зајакнува срцето, ја подобрува функцијата на мозокот, го подобрува расположението, го ублажува стресот, го подобрува квалитетот на сонот... Затоа викендите резервирајте ги за оваа одлична рекреација а притоа заштитете сé за да ги искачите висините удобно и безбедно.

Заштитете ги колената: пешачете без непријатност дури и по стрмни планински патеки!
Планинарењето може да доведе до оштетување на коленото, особено при спуштање по стрмни патеки кога притисокот врз колената е зголемен. Затоа, подобро е да се превенираат повредите.
Спортската ортоза за колено Genumedi го заштитува коленото при долги пешачења и спуштања. Интегрираниот силиконски прстен дава целосна поддршка на пателата, што го прави овој производ удобен и безбеден особено при спортски активности. Иновативната техника на ткаење со интегрирани силиконски влакна дава масажен ефект и подобро држење. Поддршката е најизразена при физички активности. 

Ортоза за колено со силиконско перниче Genumedi

Одете безбедно: стабилност на нозете, дури и на нерамни патеки за пешачење!

Скочните зглобови ги ублажуваат бројните нерамнини, но само до одреден степен. Корењата, гранките или камењата на патеките може да доведат до нагли и брзи движења стапалата. Доколку не внимавате за момент: ногата се превиткува и планинарењето завршува. Најлошиот дел е што повеќето луѓе ги игнорираат исчашувањата. Но оваа повреда не треба да се потцени бидејќи секој понатамошен напор предизвикува оштетување на глуждот. Ако повредата не зарасне правилно, ризикот од остеоартритис се зголемува. Спортската ортоза за скочен зглоб Levamed го штити зглобот од  исчашувања, хиперекстензија или странични исчашувања. Дополнително ортозата е удобна и нема да забележите дека ја носите. 

Ортоза за скочен зглоб со силиконско перниче Levamed

Подгответе се за долги патеки

Без разлика дали станува збор за кратко, целодневно или викенден пешачење, носете  компресивни чорапи со кои ќе имате подобри резултати. Спортските компресивни чорапи #CEP ja подобруваат циркулацијата во нозете. На овој начин, мускулите во нозете, кои се под оптоварување, добиваат повеќе кислород. Мускулите се загреваат побрзо и подобро се регенерираат.

Спортски компресивни чорапи CEP Run 3.0