×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Исправено држење на телото

Исправено држење на телото

Колку пати сте слушнале како некој ви вели „седни исправено“ или „исправи се“? Веројатно многу пати, но како и повеќето луѓе ова не го сфативте сериозно и во моментот спонтано се исправате.

Која е ризичната група?

  • Лица кои долготрајно седат пред компјутер;
  • Лица кои креваат тешки предмети;
  • Лица кои носат тешки предмети подолго време;
  • Ученици, студенти кои поминуваат долго време пред компјутер или книга.

Кои појаси и корсети се препорачуваат и кога да се носат?

Постојат повеќе корсети и појаси за корекција на телото. Поголем дел се препорачува да се носат неколку часа дневно, при напор или при подолги активности кои резултираат со неправилно држење. Подолго не се препорачуваат за да се зачува мускулната активност подолго време.

Германската компанија Меди во соработка со врвни германски ортопеди го создадоа единствениот активен појас за правилно држење. Појасот влијае на зајакнување на мускулите на телото со што се намалува болката и се подобрува подвижноста. Го коригира лошото држење на телото и  може да се носи во текот на целиот ден.

За лица со седат подолг временски период се препорачува да седат на столица со физиотопка за да ги активираат сите мускули на грбот и да го подобрат држењето на телото. 

Колку е важно вежбањето за правилно држење на телото?

Мускулната активност е исклучително важна за правилно држење на телото, како и тоа постојано да бидеме свесни во каква положба е нашето тело. Тоа значи дека правилното држење може да се научи. Вежбањето помага да се превенираат проблемите со 'рбетот, мускулите и нервите, а доколку веќе постојат, помага да се намалат болките.

Најдобар начин да го подобрите вашето држење е да ги зајакнете мускулите на 'рбетот. Секојдневното вежбање ќе им даде сила на мускулите на грбот и ќе спречи било какви повреди.

Кога треба да посетите лекар?

Исклучително е важно да се нагласи дека доколку секојдневно се соочувате со болки во горниот дел на грбот, треба да посетите лекар. Доколку болката е блага и периодична, можете да почнете да вежбате едноставни вежби за зајакнување на мускулите на грбот.