×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Зошто е важно да правите вежби за истегнување?

Зошто е важно да правите вежби за истегнување?

Истегнувањето е многу важен дел од секој тренинг. Со текот на времето мускулите и лигаментите, особено на грбот, се скратуваат и задебелуваат. Доколку телото не е флексибилно, често се јавува подгрбавеност лошо држење на телото кое е естетски и здравствен проблем.

 Зошто истегнувањето е толку важно?

- Се зголемува еластичноста и флексибилноста на мускулите.  Со подобрување на подвижноста на мускулите, се добива поголем опсег на движење, имаме поголема контрола на телото и постабилни движења.

-За превенција и третман на артритис и ублажување на мускулните грчеви. Истегнувањето ги подмачкува зглобовите и ја намалува напнатоста.

-Превенција на повреди. Со истегнувањето ги доведуваме во рамнотежа мускулите, зглобовите и го регенерираме телото после напор.

-Стекнуваме навики за правилно дишење и опуштање на целото тело.

Кога треба да се истегнуваме?

Пред тренинг за да ги подготвиме мускулните групи кои најмногу ќе ги ангажираме, да ги подготвиме зглобовите за оптоварување.

После тренинг, за да ги ублажиме грчевите и опуштиме деловите од телото кои сме ги активирале за да нема воспаленија и да превенираме повреди.

Во секое време. На работа, додека гледате филм или додека чекате автобус, не заборавајте да ја повлечете главата кон едното уво и да земете длабок здив, да ги повлечете рацете над главата и да направите неколку кружни движења со стапалата и колковите.

Како правилно да се истегнеме?

-Прво треба малку да се загрееме за да ги подготвиме мускулите, тетивите и зглобовите.

-Истегнувањето треба да биде полека без нагли движења за да не предизвикаме грч. Треба да се прават лесни движења и балансирано дишење и во една положба да се остане околу 20 секунди.

-Никогаш не ја преминувајте границата на болка.  Со текот на времето ќе станете пофлексибилни и ќе напредувате, но треба да застанете кога телото ќе ви испрати сигнал дека е доста.

Видови на истегнувања?

Постојат повеќе типови на истегнувања, но овде ќе објасниме два типа: динамично и статично. Најдобро е динамичното истегнување да се изведува на почетокот на тренингот а статично на крајот.