×

Shporta

Shporta juaj është bosh.




Зошто е важно да правите вежби за истегнување?

Зошто е важно да правите вежби за истегнување?

Истегнувањето е многу важен дел од секој тренинг. Со текот на времето мускулите и лигаментите, особено на грбот, се скратуваат и задебелуваат. Доколку телото не е флексибилно, често се јавува подгрбавеност лошо држење на телото кое е естетски и здравствен проблем.

 Зошто истегнувањето е толку важно?

- Се зголемува еластичноста и флексибилноста на мускулите.  Со подобрување на подвижноста на мускулите, се добива поголем опсег на движење, имаме поголема контрола на телото и постабилни движења.

-За превенција и третман на артритис и ублажување на мускулните грчеви. Истегнувањето ги подмачкува зглобовите и ја намалува напнатоста.

-Превенција на повреди. Со истегнувањето ги доведуваме во рамнотежа мускулите, зглобовите и го регенерираме телото после напор.

-Стекнуваме навики за правилно дишење и опуштање на целото тело.

Кога треба да се истегнуваме?

• Пред тренинг за да ги подготвиме мускулните групи кои најмногу ќе ги ангажираме, да ги подготвиме зглобовите за оптоварување.

• После тренинг, за да ги ублажиме грчевите и опуштиме деловите од телото кои сме ги активирале за да нема воспаленија и да превенираме повреди.

• Во секое време. На работа, додека гледате филм или додека чекате автобус, не заборавајте да ја повлечете главата кон едното уво и да земете длабок здив, да ги повлечете рацете над главата и да направите неколку кружни движења со стапалата и колковите.

Како правилно да се истегнеме?

-Прво треба малку да се загрееме за да ги подготвиме мускулите, тетивите и зглобовите.

-Истегнувањето треба да биде полека без нагли движења за да не предизвикаме грч. Треба да се прават лесни движења и балансирано дишење и во една положба да се остане околу 20 секунди.

-Никогаш не ја преминувајте границата на болка.  Со текот на времето ќе станете пофлексибилни и ќе напредувате, но треба да застанете кога телото ќе ви испрати сигнал дека е доста.

Видови на истегнувања?

Постојат повеќе типови на истегнувања, но овде ќе објасниме два типа: динамично и статично. Најдобро е динамичното истегнување да се изведува на почетокот на тренингот а статично на крајот.