×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Како повторно да го засакате телото по операција на дојка?

Како повторно да го засакате телото по операција на дојка?

Ќе слушнете многу „сценарија“ за тоа што ве очекува и што ќе се случи со вашето тело додека се борите со ракот на дојка. Знаете дека вашите дојки ќе се сменат, се плашите дека ќе ја изгубите косата од хемотерапија, слушате дека многу жени се здебелуваат за време на хемотерапија… На крај од ова „сценарио“ вие се чувствувате потполно уништени и поразени. Но, не грижите се, со текот на времето ќе научите како  повторно да го засакате вашето тело.

Погледни го своето тело

Најтешкиот дел од операцијата не е самата операција, престојот во болницата или процесот на заздравување. Најтешкиот дел е да ги видите лузните на градите. Некогаш се потребни дури и месеци за да соберете сила и да го направите овој чекор. За да ја намалите траумата од загубата земете силиконска протеза, ортопедски градник и костим за капење и ќе добиете совршена фигура, со истите облини како и пред операција.

Живеј здраво

Здравиот начин на живот, не само што ќе го намали ризикот од повторна појава, туку ќе ве натера повторно да го засакате своето тело. Вишокот килограми е ризик фактор за појава на карцином на дојка. Губењето на тежина може да го намали ризикот, да ви помогне да изгледате подобро и да ви произведе повисоки дози на ендoрфин-хормо на среќата. Со вежбањето ќе го намалите заморот кој може да биде последица на хемотерапија или депресија.

Експериментирајте со косата

Губењето на коса не е лесно и треба време додека повторно да порасне. Ова ви шанса да екпсериментирате со различни стилови и бои. Секогаш сте се прашувале дали ќе ви стои црвена коса, сега имате можност да дознаете. Најдете интересни додатоци, шноли или капи додека вашата коса расте. Исто така можете да носите перики во различни стилови.

Земете нова облека

Дел од вашата гардероба нема да стои исто по опарација. Исто така од стероидите и третманот може да добиете вишок килограми. Откако го победивте ракот и процесот на лекување, заслужувате да инвестирате во нова облека која ќе ве натера да се чувствувате убаво. Дури и ако имате вишок килограми облеката ќе ве натера повторно да изгледате и да се чувствувате убаво.

Носете секси долна облека

Без разлика дали сте слободни или мажени, не се откажувајте од мислата дека сте изгледате убаво и секси. Можеби не се чувствувате удобно поради вашите лузни, но облечете убава долна облека и чуствувајте се секси не само за вас туку и за вашиот партнер. Некои третмани, како што се блокатори на естроген, може да доведат до вагинална сувост, но и за тоа има решение со специјални креми. Ако не сте подготвени, дајте си доволно време. Пробајте да уживате во романтични состаноци, пикник со шише вино, убава музика – сето ова може да ви помогне да го разгорите „огнот“.

Останете позитивни

Обидете се да го пронајдете нешто позитивно. Вие сте живи и тоа го знаете, но сепак можеби ќе ви треба дополнителна мотивација. Фокусирајте се на позитивено размислување и работи што се добри. На пример, не морам да одам на депилација со месеци за време на хемотерапија. Повеќе не треба да поминувам часови со четка и фен за да ја обликувам косата. Ја ставам периката и подготвена сум да излезам.