×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Што е остеопороза?

Што е остеопороза?

Коската е живо ткиво кое во клеточен процес постојано се разградува и се надоградува во текот на животот. Остеопороза е медицински термин за метаболно заболување каде коскената маса повеќе се губи отколку што се надополнува. Како последица на ова коските ја губат својата густина и стануваат слаби и кршливи дури и при мал пад или удар.

Кои се симптомите на остеопороза?

За успешен третман на остеопорозата најважна е раната дијагноза. Најчести симптоми на остепороза се:  

-Губење на висината со возраста

-Коските лесно се кршат без причина

-Скршени ребра едноставно од кашлање

-Искривена постура со наведнато држење на телото

-Фрактури на колк или зглоб предизвикани од мали падови.

Третман за остеопороза

Добрата вест е дека остеопорозата може да се лекува. Ефикасна терапија се состои од: лекови, исхрана, вежбање и физикална терапија. Исто така треба да се заштити и `рбетот од фрактури со помош на функционална терапија- носење на ортоза.

Функционална терапија со ортози

Со губењето на коскената маса се губи и мускулната. Фрактурите доведуваат до понатамошно губење на мускулна маса поради ограничувања во движењето. Како резултат на ова `рбетот почнува да се искривува нанапред. За да се превенира и да се спречи понатамошна прогресија препорака е да се носи Спиномед ортоза.  

Спиномед ортозата го поддржува `рбетот а во исто време ги тренира мускулите на грбот. Системот на прерамки и делот за грбот прават благ притисок во карлицата и рамото. Ова доведува до постепено исправање на горниот дел од телото. Преку хармонични движења мускулите се зајакнуваат.  

Спиномед се поставува лесно како да ставате ранец, а неговите позитивни страни се:

-Ја зајакнува мускулатурата

-Го исправа грбот