×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Пилатес ролна – едноставен и ефикасен начин да се справите со целулитот

Пилатес ролна – едноставен и ефикасен начин да се справите со целулитот

Целулит има речиси секоја жена, но што може да направиме за да го контролираме? Еден од начините е користење на пилатес ролна. Во продолжение ви објаснуваме како се користи и како делува.

Пилатес ролна: вашиот сојузник против целулитот
Доколку не сте слушнале за пилатес ролна, ќе бидете пријатно изненадени од тоа колку ефикасна може да биде. Пилатес ролната се користи за миофасцијална масажа, за релаксација на напнати и уморни мускули, но факт е дека може да се користи и во третман и превенција од појава на целулит на нозете и задникот.

Како пилатес ролната може да го намали целулитот?
Една од причините за целулит е слабата циркулација во масното ткиво. Ролната може да помогне преку механичка стимулација. Кога се тркалате, ја користите вашата телесна тежина врз ролната за да притискате на делот кој го масирате. На почетокот може да почувствувате болка поради миофасцијалното ослободување. Ролната ја подобрува крвната и лимфната циркулација, а со тоа помага да се подобри функцијата на ткивата. Со овој вид на механичка стимулација ги добивате сите придобивки од редовната масажа, меѓу кои и релаксирање на мускулната тензија.
Во однос на целулитот помага да се разбијат грутките и го подобрува исфрлањето на вишокот течности и токсини – двете главни причини за создавање на целулит.

Како да одберете пилатес ролна?
За третман на целулитот најдобра е ролна со висока густина, која е доволно цврста за да обезбеди отпор со цел да се добие длабинска масажа. Во продолжение погледнете го видеото како да ја користите во третман на целулит.