10 совети за инспирација
Дијагнозата канцер е застрашувачка за секој пациент. Но како да си помогнете и повторно да уживате во животот. Во продолжение ви нудиме 10 совети за инспирација.
1. Ризикувајте
Ризикот може да се потикне едноставно со возбудата од нова авантура за да сватите колку навистина сте храбри. Затоа само напред, излезете од тој „авион“, но не заборавајте да носите падобран!
2. Уживајте во природата
Одвојте време за да уживате во небото, изгрејсонце, зајдисонце, градината, планинскиот поток…
3. Утринско туширање и кафе
Што е потребно за совршен почеток на денот. Практикувајте дневни ритуали, кои ќе ве инспирираат да се движите по вистинскиот пат. Бидете присутни и уживајте во овие моменти.

4. Учете нови работи
Секогаш сте сакале да почнете со цртање? Запишете се на курс. Заитересирани сте за фотографирање? Работете на тоа. Не одложувајте, остварете си ги соништата. Бидете инспиративни!
5. Дарувајте
Задоволството ќе биде поголемо доколку почнете да дарувате. Без разлика дали се тоа пари, предмети или комплименти, ќе ве инспирира да правите големи работи за другите, што всушност ќе биде подарок за вас.
6. Патувајте сами
Почнете да го планирате вашето следно патување. Одвојте неколку недели за добро да се подготвите и да направите список со места кои треба да ги видите. Нови култури, мали и големи градови, запознавање на нови луѓе – има ли подобар рецепт за исполнето срце. Не заборавајте да направите многу фотографии.
7. Додадете боја во вашиот свет
Во вашиот животен простор, вашиот стил на облекување додадете малку боја. Може да го подигнете вашето расположение со повеќе боја. Исчистете го вашиот простор кој ќе ви служи како платно за да додадете боја и живот.
8. Раскажувајте приказни
Луѓето реагираат на приказни. Зошто да не ја раскажете својата? Застанете пред толпата и споделете како сте стигнале до таму. Раскажете на пријателите, напишете блог. И уште подобро, слушајте ги приказните на другите за вистинска инспирација.
9. Една одлична песна
Музиката е најдобар подарок, кој треба да се сподели секогаш кога се меша со душата. Таа може да не транспортира во добрите времиња, или да не потикне кон нови височини. Секогаш слушајте ги вашите омилени рефрени.
10. Животот е убав
Ништо не претставува поголема инспирација од тоа да бидете благодарни за се што имате. За домот, семејството, пријателите и секој ден што претставува нов предизвик.