×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Имате уморни и болни нозе? Променете ги чорапите!

Имате уморни и болни нозе? Променете ги чорапите!

Имате непријатно чувство на тежина во нозете и болки во листовите. Сето ова е последица на лоша циркулација поради долготрајно седење или стоење на работа како и носење на високи потпетици. За жал некои работи не можат да се променат. Но, можете да ги промените чорапите!

Отечените нозе може да бидат прв знак за болни вени, дури пред да се појават првите проширени вени или други видливи знаци.

Доколку вените се веќе ослабнати, истите се манифестираат со следниве симптоми:

  • Болки во нозете или глуждовите
  • Чешање и чувство на пецкање во нозете
  • Чувство на тешки нозе
  • Грчеви во нозете во текот на ноќта

Проблемите настануваат како последица на собирање на крвтта во нозете, а тоа предизвикува зголемен притисок во вените и околните ткива што доведува до пореметување на циркулацијата. За да се спречат тешкотиите, потребно е секојдневно да се потикнува циркулацијата.

Како да се превенираат проблемите со венската инсуфициенција?

Многу е важно, доколку можете да го промените стилот на живот, да ги зајакнете ѕидовите на вените и на тој начин да ги ублажите тегобите. Се препорачува да ги применувате следниве едноставни правила во секојдневниот живот:

  • Задолжително да имате умерена телесна активност
  • Да избегнувате прекрстени нозе
  • Избегнувајте солариум и сауна
  • Носете превентивни чорапи доколку седите или стоите подолг временски период
  • Намалете ја телесната тежина

Зошто да ги носите превентивните чорапи на Solidea?

Превентивните чорапи на Solidea се модерни и елеганти и може да се вклопат во секојдневниот деловен изглед. Она што е најважно нема да се скинат во непријатен момент и ќе станат вашата „втора кожа“.  Solidea чорапите содржат иновативни микрони од Мерил Skinlife кои обезбедуваат максимална транспарентност и пријатно чувство на кожата. Покрај тоа, оваа технологија го спречува развојот на непријатни мириси и го намалува потењето и чешањето на нозете.

Сите производи од Solidea го носат знакот CE кој што е гаранција за квалитет.

Ексклузивен застапник за Solidea за Мекедонија е Медикус Хелп.