×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




4 причини зошто секоја медицинска сестра треба да носи компресивни чорапи

4 причини зошто секоја медицинска сестра треба да носи компресивни чорапи

Медицинските сестри имаат тешка и напорна работа. Цел ден се на нозе и поминуваат километри низ болничките ходници. На крајот од денот завршуваат со отечени и болни нозе. 

Како да си помогнете?

За да се ублажат и превенираат непријатностите во нозете, потребно е секојдневно да се носат компресивни чорапи.

1. Компресивните чорапи ја превенираат болката во нозете

Со секојдневно носење на компресивни чорапи се подобрува циркулацијата во нозете што помага побрзо да се отстрани млечната киселина која се создава во мускулите.

2. Го намалува отокот во нозете

После 12 часовен работен ден нозете стануваат отечени. Компресивните чорапи се вистинското решение за овој проблем. Докажано го намалуваат отокот и нозете ги чувствувате одморени.

3. Превенција од спајдер и проширени вени

Како последица на долгото стоење, циркулацијата на крв е отежната во нозете и се јавуваат проширени и спајдер вени. За среќа, компресивните чорапи ги ублажуваат симптомите и се одлична превенција од проширени вени.

4. Вашите нозе заслужуваат грижа

Вашите нозе секојдневно работат напорно и затоа заслужуваат соодветна грижа. Со компресивните чорапи на крајот од денот ќе имате свежи и одморени нозе.

Карактеристики на компресивните чорапи Релакс:

  • Не се лизгаат по нозете
  • На стапалото имаат антистрес перниче кое го релаксира и растеретува стапалото
  • Ткаењето е третирано со алое вера со што ја хидрира кожата.