Внимавајте на нозете, грижете се за вашите вени
Проширените вени создаваат главоболки на милиони луѓе во светот. Светската здравствена организација вели: секоја втора жена и секој трет маж го имаат ова заболување. Генетиката оптеретува многу. Доколку и двата родители го имаат ова заболување, шансите се дека во 80% од случаите и кај децата ќе има манифестација во текот на животот.
Први симптоми на проблеми со вените
Уморни и отечени нозе, болки во потколениците, венски пајажести цртежи по кожата, чувство на трпнење и јадеж се најчестите симптоми кои треба да не натераат да помислиме дека нешто не е во ред со крвотокот во нашите вени. За да спречиме појава на венско заболување и негова манифестација, особено е важно да се превземат соодветни превентивни мерки.
Како можеме да ги превенираме?
Превенцијата е едноставна, се состои од редовно користење на компресивни чорапи и хулахопки, но парарелно со останатите препораки за активен живот и здрава исхрана. Пешачењето, возењето велосипед, пливање, здрава исхрана, регулирање на телесната тежина се најчестите препораки за добро венско здравје. Изборот на соодветна компресивна чорапа е клучот за ефикасна терапија. Секогаш треба да се внимава дали компресивната чорапа има медицинска градуирана компресија и секако при изборот на големината, која треба биде одредена од страна на едуциран медицински персонал.
Идеален спој на функција и естетика
Со цел да го заштити и зачува вашето венско здравје, Медикус Хелп располага со широка програма на медицински чорапи/хулакопки за венска компресија која ги опфаќа сите класи, видови, бои и големини. Ексклузивни застапници сме на светските брендови на чорапи и хулахопки кои се одликуваат со идеален спој на функција и естетика, што овозможува пациентот да се чувствува комфорно и здраво.