×

Shporta

Shporta juaj është bosh.




Внимавајте на нозете, грижете се за вашите вени

Внимавајте на нозете, грижете се за вашите вени

Проширените вени создаваат главоболки на милиони луѓе во светот. Светската здравствена организација вели: секоја втора жена и секој трет маж го имаат ова заболување. Генетиката оптеретува многу. Доколку и двата родители го имаат ова заболување, шансите се дека 80% од случаите и кај децата ќе има манифестација во текот на животот.

Први симптоми на проблеми со вените
Уморни и отечени нозе, болки во потколениците, венски пајажести цртежи по кожата, чувство на трпнење и јадеж се најчестите симптоми кои треба да не натераат да помислиме дека нешто не е во ред со крвотокот во нашите вени. За да спречиме појава на венско заболување и негова манифестација, особено е важно да се превземат соодветни превентивни мерки.

Како можеме да ги превенираме?
Превенцијата е едноставна, се состои од редовно користење на компресивни чорапи и хулахопки, но парарелно со останатите препораки за активен живот и здрава исхрана. Пешачењето, возењето велосипед, пливање, здрава исхрана, регулирање на телесната тежина се најчестите препораки за добро венско здравје. Изборот на соодветна компресивна чорапа е клучот за ефикасна терапија. Секогаш треба да се внимава дали компресивната чорапа има медицинска градуирана компресија и секако при изборот на големината, која треба биде одредена од страна на едуциран медицински персонал.

veni 2

Идеален спој на функција и естетика
Со цел да го заштити и зачува вашето венско здравје, Медикус Хелп располага со широка програма на медицински чорапи/хулакопки за венска компресија која ги опфаќа сите класи, видови, бои и големини. Ексклузивни застапници сме на светските брендови на чорапи и хулахопки кои се одликуваат со идеален спој на функција и естетика, што овозможува пациентот да се чувствува комфорно и здраво.

veni 1